Признание за напредниот систем OnStar на Opel/Vauxhall

Авто Експрес го препозна новиот систем на персонална конективност и сервисна асистенција како врвен.

priznanie-za-napredniot-sistem-onstar-na-opel-vauxhall-01.jpeg

Риселсхајм. Англискиот автомобилски магазин, Авто Експрес, му ја врачи наградата за технологија 2015. (Technology Award 2015) на Opel/Vauxhall, и тоа за OnStar, новиот систем на персонална конективност и сервисна асистенција. „Ова е високотехнолошка револуција, која ветува дека ќе го направи искуството на сопствеништво на Opel/Vauxhall многу попријатно за илјадници возачи ширум Велика Британија“, потенцира Авто Експрес.

Сеопфатната сервисна услуга, која ја нуди OnStar, вклучува 24-часовна асистенција во случај на судар, асистенција против кражба на возилото, помош на патот, преземање дестинација, дијагностика на возилото и важни оперативни податоци, како и далечинска контрола на различни функциина возилото, преку апликации за паметни мобилни телефони. Од август, операторите на OnStar, базирани во сервисниот центар во Лутон во Велика Британија, ќе бидат достапни 24/7, 365 дена во годината, решавајќи ги сите проблеми и итни случаи.

Со воведувањето на OnStara, секој Opel/Vauxhall ќе стане моќен мобилен извор на „Wi-Fi“. До седум мобилни уреди ќе можат истовремено да се поврзат, што ќе им овозможи на патниците можност да играат игри, да бидат во контакт со семејствата и пријателите преку друштвените мрежи и да гледаат телевизија и филмови преку стриминг. Возачот, исто така, може да го користи автомобилот како подвижна канцеларија, се разбира, кога возилото не е вклучено во сообраќај.

Новиот систем на персонална поврзаност и сервисна асистенција првиќно ќе биде лансиран на 13 европски пазари, додека останатите ќе следат подоцна. Сервисот, кој го овозможува OnStar, ќе биде бесплатен во првите 12 месеци по активацијата.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg