Динамична енергија: новата генерација на Kia Sportage
Франкфурт, 17 август 2015 – На 15 септември, на меѓународниот саем за автомобили во Франкфурт, Kia Motors за прв пат ќе го претстави целосно новиот Sportage.
Четвртата генерација на новиот Sportage ја карактеризира смел и прогресивен дизајн, што зрачи со моќност и агилност од секој агол. Стилот на динамичниот и компактен SUV создава визуелна хармонија, што произлегува од спој на храбри и прецизни линии со драматично извајана каросерија.
Во внатрешноста, целосно новиот Sportage ги спојува едноставниот и модерен стил со високиот квалитет на материјалите. Кабината на новиот Sportage е досега најсофисти-цираната кабина на Kia со највисок квалитет.
Со дизајнот на новиот модел, предводен од европскиот центар за дизајн од Франкфурт, целосно новиот Sportage ја претставува иднината на Kia.
За Kia Motors Европа
Kia Motors Европа е огранок на корпотацијата Kia Motors за Европа и се грижи за продажба, рекламирање и сервис. Главното седиште се наоѓа во Франкфурт, Германија и покрива 30 европски пазари.
За корпорацијата Kia Motors
Корпорацијата Киа Моторс (www.kia.com), производител на квалитетни возила за сите кои се чувствуваат млади, е основана во 1944 и е најстариот производител на моторни возила во Кореја. Годишно се произведуваат над 3 милиони Киа возила во 10 производствени фабрики во 5 земји, кои потоа се продаваат и сервисираат преку мрежа од дистрибутери и набавувачи во 180 земји. Kia денес има околу 49.000 вработени ширум светот и годишни приходи од околу 45 милијарда долари. Kia е генерален спонзор на австралискиот тениски турнир (Australian Open) и официјален партнер на ФИФА - управувачкото тело за ФИФА светскиот куп™. Корпоративниот слоган - Моќ да изненади - ја претставува посветеноста на Kia да го изненади светот со нови возбудливи и инспирирачки искуства кои ги надминуваат сите очекувањa.