(СЕУЛ) 11 декември 2015 - Kia Motors го зазема првото место во извештајот за квалитет за 2015, објавен од магазинот Auto Bild (примерок 50/2015), што ги рангира 20-те водечки производители на автомобили на германскиот пазар според задоволство кај потрошувачите, сигурност и долгорочен квалитет. Kia го дели првото место со Mazda, со вкупна оцена од 2.14 (на скала од 1 до 5).