Јагуар се враќа на тркачките патеки

jaguar-se-vraka-na-trkackite-pateki-1.jpg

  • Jaguar Land Rover го потврдува вложувањето во електричната технологија со влегувањето на Jaguar во иновативното ФИА формула Е првенство.
  • Формула Епретставува вистински тест во светски рамки за иднината на технологијата на Jaguar Land Rover.
  • Jaguar Land Rover, водечкиот инвеститор во истражување и развој во Обединетото Кралство, ја потврдува својата посветеност во британското инженерство преку проширување на развојот за технологија за електрификација во тркачкиот сектор.
  • Инженерите на Jaguar Land Rover ќе соработуваат директно со тркачкиот тим на Jaguar за да ги поместат границите на технологијата за електрификација. 

Вторник, 15 декември 2015: Jaguar денеска го објави своето враќање во светскиот тркачки спорт. Есента 2016 Jaguar ќе влезе во третата сезона на возбудливото ФИА Формула Е првенство како производител со сопствен тим. ФИА формула Е е првото светско првенство за електрично напојувани болиди.

ФИА формула Е нуди уникатна можност за Jaguar Land Rover да го прошири развојот на идните EV погони, вклучувајќи ги технологиите за мотори и акумулатори. 

Ник Роџерс, технички директор за Jaguar Land Rover, изјави: „Горд сум што можам да изјавам дека Jaguar се враќа на тркачките патеки со влегување во иновативното ФИА Формула Е првенство. Електричните возила апсолутно ќе имаат голема улога во идното работно портфолио на Jaguar Land Rover и Формула Е ќе ни даде уникатна можност да го прошириме нашиот развој на технологиите за електрификација.

Првенството ќе ни овозможи да произведеме и да ги тестираме нашите напредни технологии под екстремни услови.

jaguar-se-vraka-na-trkackite-pateki-2.jpg

Искрено верувам дека во тек на следните пет години ќе бидеме сведоци на повеќе иновации во автомобилскиот свет отколку во последните три декади. Во иднина акцентот ќе се стави на технологиите за поврзување и екологијата; електрификацијата и технологиите за намалување на тежината се побитни од кога било, како што урбанизацијата продолжува да расте. Формула Е го призна и прифати овој тренд, а пионерскиот и возбудлив пристап на првенството е совршен за нашиот бренд.".

Jaguar Land Rover има вработено над 8000 инженери и е најголемиот инвеститор во развојот и проширувањето во кој било бизнис сектор во Обединетото Кралство. Формула Е тимот на Jaguar ќе може да ги искористи овие водечки ресурси, а инженерите на Jaguar Land Rover директно ќе соработуваат со тркачкиот тим.

Инженерите не само што ќе можат да го применат своето знаење во тимот туку ќе го искористат своето искуство за да ги искористат податоците и да ги поместат границите на електричната технологија во компетитивна средина каде перформансите се најбитни.

Williams Advanced Engineering ќе биде технички партнер на Формула Е тимот на Jaguar и безрезервно ќе го пружи своето обемно познавање на овој спорт, заедно со искуството со високите перформанси на EV системите. Ова не е прва соработка на Jaguar Land Rover и Williams, кои претходно се здружија за развојот на Jaguar C-X75 концептот за хибриден автомобил. Влегувањето на тимот беше одобрено од Формула Е и од Меѓународната автомобилска федерација (ФИА)

Алехандро Агаг, извршен директор на Формула Е, изјави:„Со задоволство му посакуваме добредојде на Jaguar во Формула E. Jaguar е бренд со големо спортско наследство и фактот што се враќаат на тркачките патеки токму во Формула Е е огромно признание за првенството и неговите можности да влијае врз развојот на електрични автомобили.Jaguar со себе носи и огромен број страстни фанови што ќе ја зголемат популарноста на првенството низ целиот свет и покажува дека Формула Е е иднината на автомобилските спортови”.

Жан Тод, претседател на ФИА, изјави: “ФИА со задоволство му посакува добредојде на Jaguar како нов производителво ФИА Формула Е првенството. Го создадовме ова првенство за да понудиме алтернативно натпреварување за производителите да се вклучат во спортот и да ги развиваат и усовршуваат електричните технологии. Одлуката Jaguar да се врати во овој спорт со Формула Е е доказ за успех. Формула Е прави пат кон иднината на електричните автомобили и притоа успеа да привлече еден од најпрестижните и историски брендови во автомобилската индустрија. Им посакувам успех во новата сезона 2016/2017”.   

Џејмс Барклеј, директорот на Jaguar тимот, изјави: “Постојано баравме алтернативен начин за да се вратиме на тркачките патеки. Ова беше многу важна одлука за Jaguar и сакавме да биде сè како што треба.  Со нашите идни EV планови, Формула Е беше очигледниот избор и веруваме дека бенефитите ќе бидат огромни. ФИА и промотерот имаат одлични планови за иднината на првенството и горди сме што сме едни од првите производители на автомобили што влегуваат во првенството со сопствен тим. Имаме многу работа пред нас за да се подготвиме за првата трка, но тоа за нас претставува предизвик. Се надеваме дека преку оваа возбудлива програма ќе привлечеме нова генерација фанови на Jaguar.”

jaguar-se-vraka-na-trkackite-pateki-3.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg