Mercedes-Benz повторно на врвот - најпродаван премиум автомобил во Македонија

Mercedes-Benz во Македонија е најпосакуван премиум бренд со најмногу продадени возила меѓу конкурентите во 2015-та година.

mercedes-benz-povtorno-na-vrvot-najprodavan-premium-avtomobil-vo-makedonija-01.jpg

Mercedes-Benz во изминативе неколку години излезе со сосема нов концепт и пристап, со главна цел да се биде број еден во светот, за што беа создадени бројни атрактивни модели, притоа наметнувајќи се како лидер во дизајнот и иновативната технологија во автомобилската индустрија. Сето тоа е преточено во Стратегијата за раст на Daimler, именувана како 2020, која предвидува до 2020 година да стане најпродаван премиум автомобилски бренд во светот.  

Мак Аутостар успеа оваа цел да ја исполни веќе во 2015-та година и Mercedes-Benz да стане најпродаван премиум автомобилски бренд во Македонија.

„Следејќи ја глобалната стратегија на Daimler, Мак Аутостар се фокусираше на инспирирање на купувачите со нашиот бренд, нашиот производ и нашите услуги. Клучна улога во тоа има и над 20 години искуството на Мак Аутостар, како сериозен партнер во мобилноста, секогаш нудејќи им го најдоброто на своите клиенти“, изјави директорот на продажба на Mercedes-Benz патнички возила во Македонија, Мартин Стошиќ.

mercedes-benz-povtorno-na-vrvot-najprodavan-premium-avtomobil-vo-makedonija-03.jpg

Низ бројки прикажано, во Македонија повеќе од 100 клиенти се одлучија за брендот со сребрената звезда, додека на светско ниво, преку 1.87 милиони клиенти ги добија клучевите од својот нов Mercedes-Benz автомобил, што претставува пораст од 13,4% споредено со претходната година, односно најголем пораст кај премиум автомобилите.

Инаку, стратегија на Daimler 2020, да стане и да се оддржи како лидер меѓу премиум автомобилските брендови се заснова на создавање најдобри автомобили во секој поглед, фокусирање на зголемување на продажбата во секој регион, лидерство во технологијата, воспоставување дигитализација во сите сегменти на компанијата, вклучително и производите, поради што производителот од Штутгард направи фундемантални промени во изминативе неколку години.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg