Пристигна новиот Nissan X – trail со врвна 4x4 технологија

Скопје, 07.12.2015 година. За време на прославата по повод 25 годишнината од постоење на ТД Кадис присутните гости имаа можност да се запознаат со потполно новиот NISSAN X-TRAIL.

pristigna-noviot-nissan-x-trail-so-vrvna-4x4-tehnologija-06.jpg

Најновиот модел е одраз на Nissan-овото искуство на производство на теренци со интегрирање на елементи, погони и врвни технологии.

Третата генерација на X-trail доаѓа со спортски дизајн, кој ја комбинира елеганцијата на кросоверот со големината на едно теренско возило. 17 мм е подолга, има 76 мм поголемо меѓуоскино растојание, 30 мм е поширока и 5 мм пониска од претходникот. Исто така новиот модел е во просек 90 kg полесен.

Поседува опција за седум седишта, со високо квалитетен ентериер, голем простор и флексибилни опции за багажот, што го прави перфектен за целото семејство.

pristigna-noviot-nissan-x-trail-so-vrvna-4x4-tehnologija-01.jpg

Опремен е со напредна технологија: новиот систем Nissan Connect, 7’’екран чуствителен на допир со моќна комбинација на аудио, навигациски и комуникациски можности. Освен корисните безбедносни системи како предупредување за пребрзо возење и препознавање на сообраќајните знаци, Nissan ја подигнува безбедноста на повисоко ниво со технологијата Safety Shield која му помага на возачот при ненадејно сопирање, контрола на мртвиот агол, го предупредува при ненамерно излегување од сообраќајната лента. Исто така нуди и интелигентен систем за помош при паркирањето, ќе ве смести на паркинг местото без двоумење.

Она што би се издвоило во однос на моделот е погонот на сите четири тркала со напреден електричен систем со интегрален All Mode 4x4. Напредниот систем нуди можност за избор меѓу погонот во зависност од условите на патот и автоматски ги распределува вртежниот момент на предната, на задната или на десните тркала за да го подобри движењето на патеката и осигура поголем надзор.

Новиот модел може да се пофали со богата сериска опрема во својата класа, односно, достапен е во три нивоа Visia, Acenta и Tekna , во кои може да се комбинираат одделни пакети.

pristigna-noviot-nissan-x-trail-so-vrvna-4x4-tehnologija-04.jpg

Искористете  ја можноста  да го закажете своето пробно возење во ексклузивниот салон на NISSAN на 02 5 111 130/ 111 131.

Дознајте повеќе за моделот на овој линк.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg