Kia го освои првото место во извештајот за квалитет на магазинот Auto Bild 2015
Kia се најде на првото место меѓу 20 водечки производители на автомобили на германскиот пазар. Рангирањето е спроведено според задоволство кај потрошувачите, сигурност и долготраен квалитет.
(СЕУЛ) 11 декември 2015 - Kia Motors го зазема првото место во извештајот за квалитет за 2015, објавен од магазинот Auto Bild (примерок 50/2015), што ги рангира 20-те водечки производители на автомобили на германскиот пазар според задоволство кај потрошувачите, сигурност и долгорочен квалитет. Kia го дели првото место со Mazda, со вкупна оцена од 2.14 (на скала од 1 до 5).
Годишниот извештај за квалитет на Auto Bild, што за прв пат е објавен во 2001, ја пресметува вкупната оцена за секој производител врз основа на седум податоци: резултатите од анкетата на Forsa за задоволство кај потрошувачите (8,187 испитаници), нарачана од Auto Bild, бројот на пријавени дефекти и поправки, последниот TÜV извештај (речиси 9 милиони технички инспекции), гаранциите на производителот и три категории дадени од самите уредници на Auto Bild, односно долгорочни резултати од тестовите на возилата, резултати од тестирањата за сигурност и анализа на критиките од повеќе од 10,000 писма на читатели, што се дел од „Kummerkasten” (колумна на агонијата на магазинот).
“Нашите аспирации за квалитет почнуваат од нашите R&D центри, студија за дизајни и производствени фабрики – повеќе од половина од новите автомобили на Kia продадени во Германија излегуваат од производствената линија во нашата технолошки напредна фабрика во Словачка- до продажбата и сервисните зони каде имаме голем напредок со реструктурирање на нашата мрежа на застапници и исполнување на нашето ветување за континуирано подобрување на квалитетот“, изјави Штефен Кост, извршен директор за Kia Motors Германија.
Благодарение на 7-годишната гаранција за Европа, што е водечка во индустријата, Kia беше единствениот производител на автомобили што доби оцена 1 за својата гаранција. Брендот исто така многу добро котираше во анкетата на потрошувачите, бројот на пријавени дефекти (ниеден за 2015) и поплаките во “Kummerkasten”, а доби и одлични оцени за сите долгорочни тестирања на нашите возила (најмалку 100,000км).
Извештај за квалитет на Auto Bild 2015 – сите производители, позиции и оцени
1. Kia (2.14) | 11. Opel (3.0) |
2. Mazda (2.14) | 12. Renault (3.0) |
3. Honda (2.43) | 13. Seat (3.0) |
4. Hyundai (2.43) | 14. Audi (3.14) |
5. Toyota (2.43) | 15. Skoda (3.14) |
6. Volvo (2.57) | 16. Citroën (3.17) |
7. BMW (2.71) | 17. Peugeot (3.17) |
6. Dacia (2.71) | 18. Ford (3.29) |
9. Nissan (2.83) | 19. VW (3.29) |
10. Mercedes (2.86) | 20. Fiat (3.33) |