Технолошки најмоќниот Audi A4 пристигна во Скопје за 10-годишнината на „Порше Македонија“

Со мотото „Движењето е нашиот успех” Порше  Македонија го прослави својот 10. роденден. Веќе 10 години, Порше Македонија е на лидерската позиција во автомобилската индустрија во нашата земја.

tehnoloski-najmokniot-audi-a4-pristigna-vo-skopje-za-10-godisninata-na-porshe-makedonija-01.jpg

Во ексклузивниот амбиент на Телеком иновацискиот центар во Скопје, по повод 10 годишниот јубилеј, Порше Македонија го претстави возилото кое ја освојува светската автомобилска сцена, а отсега ќе може да се види и на улиците низ нашата земја.

“Помина цела деценија од основањето на нашата компанија. Можеби на почетокот не знаевме во што се впуштаме и што да очекуваме. Но, знаевме за кого дојдовме и што сакаме да постигнеме. Порше постави нови стандарди. Десет години, повеќе од 38.500 клиенти, 20.855 продадени возила, 163.800 влезови во сервис, импресивни бројки кои растат додека зборувам. Десет години Порше Македонија сигурно владее со врвот на автомобилскиот пазар во Македонија, непобеден во својата непоколебливост за своите клиенти секогаш да го носи најдоброто. Има ли подобар начин да се одбележи ваков јубилеј од тоа да се донесе нов бестселер кој стои зад истите идеали како Порше - луксуз, моќ, квалитет, дизајн и технологија” – изјави д-р Златко Муцунски, генерален директор на Порше Македонија.

“Денес славиме 10 успешни години. Наша главна цел и најпосакуван резултат се задоволните клиенти. Затоа, десетгодишниот успех го одбележуваме со најуспешниот модел на Audi, А4, кој во изминативе две децении е продаден во повеќе од 6 милиони примероци” – изјави г-дин Винко Марашевиќ, бренд менаџер на Audi.

tehnoloski-najmokniot-audi-a4-pristigna-vo-skopje-za-10-godisninata-na-porshe-makedonija-02.jpg

Новата петта генерација на Audi A4 e фантастичен спој на технологија и естетика. Технологијата на најуспешниот модел на Ауди e целосно променета, со што новиот A4 повторно ги поставува стандардите во класата. Доказ за врвните перформанси на новиот Audi A4 е и наградата „Златен волан“ што ја доделуваат експертите и вљубениците во миленичињата на четири тркала, како и петте ѕвезди за безбедност кои ги доби од Euro NCAP.

Со должина од 4,726 метри и ширина од 1,842 метри, А4 е поголем од својот претходник за 25 милиметри во должина и 16 милиметри во ширина, додека пак меѓуосовинското растојание е зголемено за 12 милиметри на 2,82 метри. Новиот А4 е и покомфорен со дополнителни 23 милиметри простор на задните седишта, благодарение на поголемото меѓуосовинско растојание.

Иако новиот А4 е поголем и покомфорен од својот претходник, сепак тежината е значително намалена за цели 120 килограми. Каросеријата е една од најлесните во класата, благодарејќи на интелигентниот спој на материјалите и лесните конструкции.

Впечатливите контури дополнително ја нагласуваат пространоста на автомобилот. Течниот дизајн и прецизните линии се во склад со спортската елеганција која е синоним за брендот Audi. Singleframe технологијата, надополнета со главните Matrix LED светла само ја потврдуваат визуелната привлечност на А4.

А4 е автомобил со најдобар коефициент за аеродинамичност во својата класа со вредност од 0.23. А новите мотори испорачуваат 272 КС во најмоќната изведба. Мултимедијалните системи како и системите за помош на возачот се со врвен квалитет.

Audi A4 се издвојува и по низата на современи технологии како што е системот за сопирање со кој во случај на незгода возилото автоматски застанува со што се намалува ризикот од лизгање и повеќекратни судири. На располагање е и системот со кој доколку автомобилот се движи со брзина поголема од 85 километри на час, регистрира дали други возила или пешаци се на патот. Ако постои опасност од судир го предупредува возачот првично визуелно и акустично, а потоа со автоматско сопирање. Вградени се и монитори за помош при вртење, систем за избегнување на судир кој помага да се заобиколи пречка како и оној за предупредување при излегување кој го минимизира ризикот од повреда при отворање на врати.

Внатрешноста е на сосема ново ниво и е достапна во три варијанти: Classic, Design и Sport. Audi виртуелниот кокпит е комплетно дигитален инструмент составен од 12,3 инчен LCD екран кој ги прикажува најважните информации во исклучително висока резолуција со многу детали и течни ефекти. Мултимедијалниот интерфејс пак, е поставен во средишната конзола и е главниот елемент за управување на возилото. Дизајниран според последните принципи на паметните телефони со екран чувствителен на допир, MMI ја има контролата на целиот автомобил. Говорните команди како и интуитивното пребарување на содржините се технологии кои дополнително го зголемуваат комфорот во А4.

Дискретното осветлување на контурите на вратите и централната конзола дополнително придонесуваат за визуелниот ефект во внатрешноста. Квалитетот на материјалите, како и достапноста на новите бои одат во чекор со новиот концепт, кој на клиентите им овозможува поголема слобода во конфигурацијата на автомобилот.

Новиот А4 ќе биде достапен со 3 бензински и 4 дизел агрегати. Моќноста на моторите е подобрена за 25%, а во почетната изведба испорачува 110 kW (150 КС), додека пак во најмоќната изведба 264 kW (354 КС). И покрај зголемената моќност, новиот А4 се одликува со 21% помала потрошувачка и одлични спортски перформанси.

tehnoloski-najmokniot-audi-a4-pristigna-vo-skopje-za-10-godisninata-na-porshe-makedonija-03.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg