Извршниот директор на Opel групацијата, д-р Нојман, најавува една сосема нова генерација на Opel Astra

Продолжувајќи ја долгата осумдецениска традиција на компактните модели на Opel, шефот на Opel групацијата, д-р Карл Томас Нојман (Dr. Karl-Thomas Neumann) ќе ја открие сосема новата Astra на меѓународниот саем на автомобили во Франкфурт (од 17-ти 27-ми септември 2015 година).

izvrsniot-direktor-na-opel-grupacijata-dr-nojman-najavuva-edna-sosema-nova-generacija-na-opel-astra-01.jpeg

Во моментов може да се видат само целосно замаскирани прототипови, но д-р Нојман ветува дека новите Астри ќе ги краси „феноменален дизајн", висок степен на ефикасност и многу иновации.

Д-р Нојман ги постави новите приоритети за развој на 11-тата генерација на компактните модели на Opel, чие создавање започна од масата за цртање, а резултатот е револуцинарен автомобил кој е многу поефикасен во сите аспекти. Просторот се користи на ефикасен начин: иако надворешните димензии се намалени, просторот наменет за патниците на новата Astra ќе биде значително зголемен. Инженерските тимови одговорни за развојот на новата Astra значително ја намалија масата на возилото. Ова во исто време ќе ја направи побрза, но и поштедлива. Д-р Нојман, исто така потврди дека како резултат на најголемата офанзива во историјата на Opel, новата Astra ќе биде управувана исклучиво од новата генерација на агрегати кои се вистинско инженерско ремек дело.

Компактните модели Kadett и Astra, кои досега се произведени во повеќе од 24 милиони примероци, го сочинуваат јадрото на портфолиото на Opel, од моментот кога првиот член на овој сегмент излезе од производната лента. „Со секоја генерација на Kadett, Opel обезбеди индивидуален превоз достапен за милиони луѓе низ целиот свет, а неколкуте генерации на Astra ја пренесоа иновативната технологија од повисоките категории на автомобили во достапната ниска средната класа", вели д-р Нојман.

„Секоја наредна генерација ги подигна стандардите во областа на безбедноста, удобноста и ефикасноста. Новата Astra повторно ќе постави стандарди во класата на компактните автомобили. Меѓу другото, тој ќе биде првиот модел на Opel, кој ќе биде лансиран со единствениот поврзан Opel OnStar сервис, подготвен да им помогне и да ги спасува сопствениците на Opel, 24 часа на ден, 365 дена во годината".

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg