Pinaccle Portfolio - Луксузната колекција од автомобили ставена на аукција

Автомобилската колекција “Pinaccle Portfolio” е ставена на аукција, а љубителите на ретки автомобили со подлабок џеб ќе можат да си дозволат по некое од овие ремек-дела.

pinaccle-portfolio-luksuznata-kolekcija-od-avtomobili-stavena-na-aukcija-01.jpg

Инаку, “Pinaccle Portfolio” е најскапата колекција од автомобили некогаш ставена на аукција. Иако нејзиниот сопственик не е познат, се надеваме дека по завршувањето на аукцијата ќе си го открие својот идентитет.

Анонимниот сопственик, во својата колекција поседува 23 различни автомобили, а некои од нив се вистински ретки скапоцености.

Во колекцијата може да најдете некои од историските тркачки автомобили од 50-те и 60-те години, како и мноштво легендарни супер автомобили.

Првиот произведен Бугати Верон, реткиот Ламборџини Ревентор, МекЛарен Ф1 и Ферари Енцо се само едни од автомобилите кои ја красат оваа колекција, притоа правејќи ја навистина извонредна реткост.

Се проценува дека заработката од аукцијата на сопственикот ќе му донесе преку 65 милиони долари, а на нам ни  преостанува да и се восхитуваме на колекцијата.

Автор: Е.Г.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg