Opel продолжува по патеката на успехот во Европа

Риселсхајм. Opel останува на патеката на успехот во Европа: по прелиминарните цифри за јуни, бројот на новите регистрации на автомобили е зголемен за повеќе од 9.800 во однос на истиот месец минатата година, што претставува пораст за 9 проценти, што резултираше со 118.600 нови регистрации. Пазарниот удел во јуни изнесуваше 6,35 проценти. Резултатот на Opel во првите 6 месеци е, исто така, позитивен, и покрај напуштањето на рускиот пазар. Од јануари до јуни, производителот од Риселсхајм продаде 582.300 возила, што е пораст од 3 проценти, т.е. околу 18.400 единици повеќе од истиот период во 2014 година. Тоа е еквивалентно на напредок, во однос на пазарниот удел, од 5,9 проценти.

opel-prodolzuva-po-patekata-na-uspehot-vo-evropa-01.jpeg

„Зголемувањето на продажбата на повеќе од 20 пазари во првите 6 месеци покажува дека нашите модели им се допаѓаат на купувачите. Новиот Opel KARL, за кој веќе примивме 30.000 нарачки, нашиот систем за персонална конективност и сервисна асистенција Opel Onstar, како и новата Astra, ќе креираат дополнителен поттик за понатамошен раст“, изјави Петер Кристијан Кисперт, потпретседателот за продажба и постпродажба на групацијата Opel.

Во првата половина на 2015 година, Opel забележа пораст во регистрациите на 20 европски пазари, вклучувајќи ги и Германија (+2 проценти), Обединетото Кралство (+4 проценти), Франција (+7 проценти), Шпанија (+18 проценти), Италија (+17 проценти), Португалија (+21 проценти), Полска (+20 проценти) и Турција (+36 проценти). Марката забележа зголемување на пазарниот удел на повеќе од 13 европски пазари. Во однос на пазарниот удел, Opel постигна најголем напредок во Македонија, Босна и Херцеговина, Естонија, Бугарија, Србија и Полска.

Во јуни, Opel го освои првото место во Унгарија кога станува збор за патнички автомобили, со пазарен удел од 11,3 проценти. Исто така, производителот од Риселсхајм го освои второто место по бројот на регистрации во Австрија (пазарен удел од 7,57 проценти) и Холандија (пазарен удел од 8,1 процент). Покрај тоа, сестринската марка на Opel, Vauxhall, беше број два на британскиот пазар, како во јуни (пазарен удел од 11,66 проценти), така и во првите шест месеци на тековната година (пазарен удел од 10,35 проценти).

Mokka уште еднаш беше предводник во профилот на патнички автомобили, со зголемена продажба од приближно 20.000 единици, т.е. 28 проценти. Бројот на регистрирани Corsа-и порасна за приближно 18.000 единици или дванаесет проценти, по која следи ADAM со повеќе од 2.500 примероци или девет проценти.

Opel беше исклучително успешен и во својата понуда на лесни комерцијални возила во однос на периодот од јануари до јуни. Бројот на регистрации е зголемен за 25 проценти, на 51.500 единици. Истовремено пазарниот удел се зголеми за 0,56 проценти, на 4,03 проценти. Сите три линии на лесни комерцијални возила забележаа пораст во продажбата, со тоа што Movano напредуваше за 34 проценти, Vivaro за 27 проценти, a Combo за 15 проценти.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg