Груба џебна ракета: Opel ADAM ROCKS S
Риселсхајм. „Сѐ само не сладок и сѐ само не бавен“, беше слоганот кога новиот ADAM ROCKS S ѝ беше претставен на публиката на Саемот за автомобили во Амстердам оваа пролет. Сега овој миникросовер со тркачки амбиции е подготвен за спринт со купувачите.
ADAM ROCKS S може да се нарача за цени, кои започнуваат од 19.990 евра (со вклучен ДДВ во Германија). За таа цена, купувачите добиваат совршена симбиоза на авантуризмот и атлетицизмот. Од надвор, 3,75 m долгиот ADAM ROCKS S се одликува со груба појава и мажествен шарм; под хаубата поседува моќен 1,4-литарски турбомотор со 110 kW/150 КС. Кога е внатрешноста во прашање, новодојденецот не само што блеска со, за ADAM типичната палета за избор на внатрешен декор и можности за персонализација, вклучувајќи ја и техологијата за инфзабава IntelliLink, туку и располага со револуционерен систем на персонална поврзаност и сервисна асистенција под името Opel OnStar, на тој начин гарантирајќи врвна забава и безбедност.
Најдоброто од двата света: ADAM ROCKS S за слободољубиви спортски настроени возачи
Што е подобро, ADAM ROCKS со груб изглед, со изборен платнен покрив SwingTop, заштитни панели на подвожјето и препознатливото заштитно порабување „off-road“ на анфасот, страничните делови и заднината или можеби ADAM S со својот специфичен спојлер на покривот, перформансно управување и шасија, како и „коњаница“ под хаубата? Одлуката е сега лесна, бидејќи овие две можности можат да се соединат. Спортскиот миникросовер ADAM ROCKS S го нуди најдоброто од двата света.
Моторот ECOTEC од 110 kW/150 КС, исто така, импресионира со максималниот вртежен момент од 220 Nm и максималната брзина од 210 km на час. ADAM ROCKS S од 0 до 100 km на час забрзува за само 8,5 секунди. Исто така, може да се пофали со сјајната еластичност, бидејќи меѓузабрзувањето од 80 до 120 km на час во петтиот степен на пренос го врши за само 7,9 секунди. Моќта се пренесува на тркалата преку шест-степенската менувачка кутија со скратени преносни односи. И покрај своите спортски атрибути, ADAM ROCKS троши едвај 5,9 l бензин на поминати 100 km во комбиниран циклус на возење (што е еквивалентно на издувување CO2 од 139 g/km).
ADAM ROCKS S во потполност се чувствува како да е на своја територија кога се вози по вијугасти ридски патчиња, кога неговата моќ доаѓа до израз. Динамичката перформансна шасија, која е спуштена за 15 mm во однос на ADAM ROCKS, како и директното управување со остриот одзив, овозможуваат чисто задоволство во возењето, посебно по кривулестите патчиња. Високоперформансните сопирачки и системот за контрола на стабилноста, кој може да се деактивира, им нудат на возачите можност за безбедно форсирање на овој атлет на соодветните патишта, и тоа до неговите крајни граници.
Извонредна конективност и безбедност: Opel OnStar за успешен лајфстајл мини
Како и останатите модели на семејството ADAM, ADAM ROCKS S нуди системи за асистенција и атрибути, кои немаат конкуренција во сегментот. На пример, системот за предупредување за слепа точка (Side Blind Sport Alert) е достапен како опција во целта за подобрена безбедност. Овој систем користи ултрасонични сензори за предупредување на возачот од опасност од страничен судар при престројување. Доколку електронските чувари детектираат предмет со опасност од судар, LED иконите се палат во соодветниот надворешен ретровизор. Системот за предупредување за слепа точка функционира од 11 до 140 km на час. Тој исто така доаѓа како напредна помош при паркирање (Advanced Park Assist), достапна за 580 евра, која автоматски управува со ADAM ROCKS S и го паркира на соодветно место.
И тоа не е сѐ. Покрај наградуваниот инфозабавен систем IntelliLink, овој груб атлет може да се нарача и со технологијата Opel Onstar, токму како и останатите модели ADAM. Револуционерниот систем на персонална поврзаност и сервисната асистенција ја носат конективноста на возилата на едно сосема ново, повисоко ниво. Opel OnStar го претвора автомобилот во моќен 4G/LTE мобилен извор на „Wi-Fi“. До седум мобилни уреди можат истовремено да се поврзат на системот. Покрај тоа, Opel OnStar нуди цела лепеза на услуги поврзани со безбедноста и удобноста, од 24-часови достапната служба за итна интервенција, до помош на патот. Услугите, кои ги нуди овој личен „ангел чувар“ се достапни бесплатно во првите 12 месеци по активацијата. Хардверот за Opel OnStar е стандардна опрема за пакетите ADAM GLAM и ADAM SLAM. За останатите членови на семејството, се доплаќа 490 евра.