Како сами да ја отстраните гребаницата на автомобилот?
Длабоките гребаници од клуч или друг остар предмет го нарушуваат изгледот на секој автомобил, но и за тоа постои брзо и ефикасно решение.
Гребаниците може да бидат плитки и длабоки, па зависно од тоа бараат и поинаков третман. Пред сè, обидете се да ги отстраните со ацетон или разредувач кој малку ќе го излиете на мека крпа.
Ако и понатаму стои гребаницата, станува збор за подлабока гребаница на која мора малку повеќе да се посветите. За почеток со вода и шампон за автомобили исперете го изгребаниот дел и оставете го добро да се исуши.
Потоа, со тенка четкичка или чепкалка за заби, која е попрецизна од четкичката) внимателно нанесете нова боја на линијата. Оставете да се исуши околу два часа, а после тоа исполирајте.
За полирањето може да користите паста за полирање која секогаш се нанесува на нов и чист сунѓер, а се полира со лесни кружни движења.
Кога пастата се суши, односно кога ќе побели, се отстранува исклучиво со памучна крпа, исто така со лесни кружни движења.
Освен тоа, постои уште една необична метода со помош на хартија – шмиргла и вода, за која ви треба интензивно триење од 15 минути, како на ова видео: