Светска премиера на два нови автомобили од Volkswagen
Оваа година Volkswagen го збогати GTI митингот со две светски премиери на два неверојатни Golf модели од иднината: Golf GTI Clubsport и Golf GTE Sport. Golf GTE Sport е концепт автомобил со карбонска каросерија, со ново осмислена патничка кабина и plug-in хибриден систем со моќност од 295 kW / 400 КС како и погон на сите тркала.
Volkswagen покажа што се може да се постигне кога GT идејата e пресликана во иднината. Во меѓувреме беше донесена одлуката идната година Golf GTI Clubsport со моќност од 195 kW / 265 КС да биде поставен на производната лента како јубилеен модел по повод 40-тиот роденден на GTI.
Повеќе од три децении во месец мај, јужниот брег на езерото Вуртерзе во Австрија е Мека за GTI фановите. Овој настан премина во традиција на која Volkswagen прикажува посебни автомобилски изненадувања за посетителите, чии број честопати достигнува и до 200 000.
Покрај светските премиери, Volkswagen покажа и три нови автомобили на брегот на езерото Вуртерзе: новиот Scirocco GTS и две исклучителни изведби на Golf традиционално дизајнирани од страна на практикантите на Volkswagen.
Golf GTE Sport ја пренесува традицијата на Volkswagen GT во иднината. Вкупно три варијанти на мотори се комбинираат со хибридниот погонски систем со моќност од 295 kW / 400 КС кој ја дополнува моќта на високо технолошкиот Golf, кој во голема мера е изработен од карбон. Концепт автомобилот за кратко време ја достигнува максималната брзина од 280 km / h ја намалува разликата помеѓу патничките и тркачките автомобили. Овој исклучителен автомобили со својот прогресивен хибриден погонски систем на сите тркала, лесна каросерија, со одлична аеродинамичност и оптимално ниво на аеродинамичниот “downforce” ефект, шасијата која е изработена со висока прецизност, новата мотоспорт патничка кабина и новиот извонреден концепт за седење дополнително ги засилува неверојатните перформанси. Со едноставно притискање на само едно копче, концепт автомобилот ги нуди истите одлични перформанси и е во состојба да помине 50 километри само на електричен погон, притоа не загадувајќи ја околината.
Со моќност од 195 kW / 265 КС и врвни перформанси кои дополнително можат да се зголемат за уште 10%, благодарение на функција „boost“, Golf GTI Clubsport е подготвен да биде лансиран на пазарот на почетокот на 2016 година како најмоќниот GTI модел од производство досега. Јубилејниот модел ќе биде лансиран не само со новиот исклучителен мотор, но исто така тој ќе понуди многу можности за индивидуализација во ентериерот и голем избор на ексклузивни детали на каросеријата. Иновативната аеродинамика на Golf GTI Clubsport е многу блиску до професионалниот мотоспорт со сензационално зголемување на вертикалната сила на притисок врз подлогата преку аеродинамичниот “downforce” ефект.
Минатото летото, во голема мера беше обновен легендарниот спортски автомобил Scirocco. Врз основа на тој најнов модел, Volkswagen на брегот на езерото Вуртерзе за првпат во Европа го претстави Scirocco GTS. Со моќниот мотор од 162 kW / 220 КС, тој е најпопуларен модел од Scirocco семејството, бидејќи ги има истите спортски гени како и моторот на Golf GTI. Scirocco забрзува од 0 до100 km / h за само 6,5 секунди, а максималната брзина изнесува 246 km / h кај моделот со мануелен менувач (кај Scirocco GTS со DSG автоматски менувач максималната брзина изнесува 244 km / h). Ознаката „GTS“ подразбира стандардна спортска опрема вклучувајќи ги и новите 18-инчни алуминиумски тркала и спортските браници како и многу други детали наменети за индивидуализација на надворешноста и внатрешноста. Купето како опција може да се нарача и со спортска GTS фолија за каросеријата на возилото.