Beetle манија во Њујорк - Volkswagen претстави четири нови верзии на новата Буба
На меѓународниот автомобилски саем во Њујорк, Volkswagen прикажа четири нови верзии на легендарната „Буба". Покрај двете нови купе варијанти и двата кабриолети, Volkswagen во Америка го прикажа и новиот Golf Alltrack.
Volkswagen го прошири семејството на моделот Буба и понуди четири нови варијанти на прекрасниот автомобил. Сина боја за новиот концепт Буба кабриолет „Деним“ (џинс). Бојата на каросеријата е „Stonewashed“ сина металик, а мекиот покрив обоен во темно сина боја со специјален материјал оддава впечаток на џинс („Деним").
Концепт возилото Буба „Wave“ во „Habanero“ портокалова металик боја го изразува американскиот дух преку песочните плажи на источниот и западот брег на САД. Овој дух се пренесува и во внатрешноста на кабриолетот. Дизајнот на материјалот во средината на седиштата е од 1950-тите и 60-тите години, во внатрешноста има е елементи од вистински дрво кое потсетува на традиционалната даска за сурфање.
Оние кои се во потрага по нешто посебно, ќе се пронајдат во новата Буба Пинк. Тоа е автомобил за луѓето од целиот свет кои имаат изграден стил. Розовите додатоци можат да се најдат во најлуксузните куќи на Менхетен како и во други големи градови низ светот. Сега Volkswagen ја задоволува и оваа потреба со своето купе во розова металик боја. Оваа боја е во контраст со надворешните и внатрешните елементи кои се обоени во црно, кои се хромирани или се направени од алуминиум.
Beetle R-Line Concept1, од друга страна, јасно го изразува автомобилскиот спортски дух. Овој модел има 2.0 TSI моторот (европска верзија) кој произведува 162 kW / 220 КС и целосно е во склад со дизајн на автомобилот. Модел Буба R-Line Concept1, има „Oryx“ бела боја со бисерен ефект, а во исто време импресионира со своите браници, странични лајсни и спојлерот кои се обоени во високо сјајна црна боја. Севкупниот спортски впечаток на автомобилот продолжува и во внатрешноста преку спортските седишта и карбонските елементи.