Уште од самиот почеток на проектот, целта ми беше да изградам една урбана митологија во Скопје и Македонија, нешто што сметав (и сé уште сметам) дека фали во нашата книжевност, и општо во нашата креативна сфера, било да се работи за филмови, серии, уметност и слично.