Како мал сакал да биде пилот, а денес, случајно ем намерно, е сопственик на галеријата Акантус лоцирана во Дебар Маало. Невозможно е да не се вљубите во Бојан Георгиевски. Неговата насмевка, шармот и харизмата освојуваат при првата средба, а тоа се работите со коишто се раѓаш – или ги имаш или ги немаш. На успехот, сепак, треба да се работи. Бојан е најдобриот доказ дека соништата се остваруваат...