Дарко Медарски – уличен уметник во Скопје: „Живееме за иднината без да уживаме во сегашноста“

Ако шетате низ центарот на Скопје сигурно сте го забележале Дарко Медарски, уличен уметник, кој со својата гитара ги забавува минувачите. 

darko medarski ziveeme za idninata bez da ja korsitme organizirame iuzivame vo segasnosta 3

Покрај тоа што е посветен на неговиот бенд Men In a Suit, периодов започна и соло проект наречен Sfer, каде има повеќе електроника и „попиш“ звук. До крајот на годината планира да издаде EP со четири песни, а неговиот прв сингл е Waiting For Godot, кој штотуку излезе во јавноста.

„Песната е синдром на пост-модерното време. Малку работиме, а повеќе мислиме и многу чекаме. Сè нешто треба да се случи, но никако нештото да се случи. Чекаме ситни настани за да нè усреќат, чекаме уште некој да дојде на седенка со очекување дека нешто ќе смени.

Чекаме чист воздух, почисти вредности. Чекаме коцките да ни се поклопат и да дојдат нашите 5 минути. Секогаш е утре. Живееме за иднината без да ја користиме, организираме и уживаме во сегашноста. Очекуваме од други.

Едноставно го чекаме Годо“, споделува Дарко Медарски, кој музиката за песната ја напишал за една вечер. Аранжманот го направил во една недела, а текстот го напишал за две недели.

https://www.youtube.com/watch?v=6s9iJH4f6IY&fbclid=IwAR1c4s0bbhwvXxk2feUbZGSaabxjaF8HQpye-TF8C14cyk8Sw9sr6MBawYQ

„Главната идеја ја имав уште во самиот почеток, па песната ја баталив и после 3 месеци ми текна да ѝ се вратам. Инспирацијата ми варираше. Најмногу време изгубив на микс и мастер. Ова ми е прва целосна композиција на која сам работев, без квалитетна опрема и со средно напредно знаење.

Ќе му се заблагодарам на Дарио Циевски кој ми го збогати бубањот, а особено ќе му се заблагодарам на Кристијан Караџовски со кој го снимивме спотот. Тој е и камерман и режисер на спотот.

Тука е и Иван Костадинов кој ни го монтираше спотот и знаеше да го искористи потенцијалот што Кристијан го даде“, раскажува музичарот, кој целосно посветен е задоволен од крајниот исход на проектот.

darko medarski ziveeme za idninata bez da ja korsitme organizirame iuzivame vo segasnosta 1

„Ова ми е шеста година како сум уличен артист. Во последно време не одам толку често како порано, но од улица нема бегање. Тоа е посебно чувство на слобода кое привлекува и ако повеќе пати одиш да свириш, знај дека ќе се навлечеш и останеш уличен артист.

Како е? Па искрено, од пред 5 години до денес ништо се нема сменето. Од минувачите сме добро прифатени и можам да кажам дека имаме култура на баскинг“, споделува Дарко за неговото искуство. 

Тој додава дека најчеста публика што остава пари се помеѓу 30 и 40 години, а најдобрата публика се децата. Возрасните знаат да пофалат, а децата знаат да се забавуваат.

darko medarski ziveeme za idninata bez da ja korsitme organizirame iuzivame vo segasnosta 2

Покрај неговиот соло проект Sfer, Дарко е посветен и на снимање на првиот албум на бендот Man In a Suit. Во моментот привршуваат со снимањето и во блиска иднина ќе имаме можност да уживаме во нова музика од млади македонски артисти.

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како изгледа денес Елеонора Капсималева – девојчето што ја испеа „Дувна ветре развигорче“ во 1990-та... „Кога ја отпеав песната, бев навистина многу мала. Имав 6 години, а бидејќи како...
Теа Трајковска за CRNOBELO.com: „Предизвик е да се живее само од музика кај нас“ „Од Златно славејче ги носам едни од најубавите детски спомени. Уште како м...
Анжелика од Скопје за ракот на дојката: „Се изнаплакав кога ми кажаа, а потоа ги извадив двете гради... „Сама бев појдена на контрола и, искрено, не се сеќавам како стигнав до дома. Се...
Иван Јованов пред раѓањето на ќерката: „Едвај го чекам мигот кога малиот ангел ќе го земам во раце“ „Доколку се создадат услови да бидам во породилната сала, секако дека ќе присуст...
„Нема бенефит од доењето, постои само ризик од недоење“: Наташа Ц. Тодосовска, специјалист за доење ... „Сите слики од доење кои ги гледаме на социјалните медиуми се најчесто од мајка ...
Дарко Илиевски за татковството: „Синот првата ноќ по раѓањето беше на мониторинг - јас не му ја испу... „За синот Матео, идејата за името беше на сопругата, а неговото средно име го из...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg