Видео интервју со инспектор Томе: „Во Преспав ме расположува пишување казни, а во приватен живот – чист воздух“
- Детали
- четврток, 21 ноември 2019
За време на снимањето на четвртата сезона на Преспав, наидовме на Горан Стојановски, кој ни направи интересна споредба помеѓу неговиот лик во серијата и во приватниот живот.
Кога инспектор Томе ќе помине низ вратата на пансионот Преспав, гледачите зад малите екрани секогаш се расположуваат со неговите смешни реплики.
Но, колку е сличен актерот Горан Стојановски со улогата на инспектор Томе која ја има во серијата и ја доловува одлично?
За CRNOBELO.com, исто како Јелена Јованова, и тој одговори на интересни прашања, откри дека во Преспав сака да пишува казни и да зема пари, но во приватен живот сака убаво време и чист воздух, а ја запеа и „Червени рози“.
Изгледајте го видеото и воочете ги разликите:
М. М. | Црнобело