Горан Најдоски, стјуард во Wizz Air: „Имам посетено повеќе од 30 земји, тимската работа за време на лет е најважна“

„Да се работи и на празници може да биде тешко поради одделеноста од семејството, но се трудам да го надоместам тоа кога сум дома. Плус, убаво е да го споделите празничното расположение со патниците“, вели Горан Најдоски (32) од Скопје за CROBELO.com.

goran-najdoski-stjuard-vo-wizz-air-imam-poseteno-povekje-od-30-zemji-timskata-rabota-za-vreme-na-let-e-najvazhna-01.jpg

Горан Најдоски (32) од Скопје работи како стјуард во Wizz Air и досега има посетено повеќе од 30 земји и над 50 градови.

Повеќе од 4 години е дел од тимот на оваа авиокомпанија и вели дека си ја обожава работата.

За CRNOBELO.com споделува детали од неговата кариера:

Кои квалитети треба да ги поседуваат успешните стујарди/стјуардеси? Кои се твоите?

Мислам дека прилагодливоста, пријателскиот однос и смиреноста во стресни ситуации се клучни.

Јас лично, одлично се справувам во стресни ситуации и умеам да ги натерам луѓето да се чувствуваат удобно, што сметам дека е многу важно за оваа работа.

goran-najdoski-stjuard-vo-wizz-air-imam-poseteno-povekje-od-30-zemji-timskata-rabota-za-vreme-na-let-e-najvazhna-02_copy.jpg

Како стујардите и стјуардесите соработуваат со другите членови на екипажот?

Комуникацијата е сè. Работиме како тим за сè да функционира беспрекорно – од координација со пилотите, до помагање еден на друг за време на услугата.

Секој има своја улога во синџирот на надреденост, но тимската работа е најважна.

goran-najdoski-stjuard-vo-wizz-air-imam-poseteno-povekje-od-30-zemji-timskata-rabota-za-vreme-na-let-e-najvazhna-06_copy.jpg

Како изгледа програмата за обука за новите членови на кабински екипаж?

Програмата е доста интензивна, но детална.

Се учат безбедносни процедури во нормални и вонредни ситуации, ефикасна комуникација и прва помош, меѓу другото.

На крајот, се чувствувате подготвени за сè што може да се случи во текот на летот.

goran-najdoski-stjuard-vo-wizz-air-imam-poseteno-povekje-od-30-zemji-timskata-rabota-za-vreme-na-let-e-najvazhna-03.jpeg

Со кои предизвици најчесто се соочуваш за време на работата?

Непредвидливиот распоред е предизвик, исто како и справувањето со проблематични патници или доцнењата во исклучителни ситуации, но ние сите сме спремни да се справиме со тоа.

goran-najdoski-stjuard-vo-wizz-air-imam-poseteno-povekje-od-30-zemji-timskata-rabota-za-vreme-na-let-e-najvazhna-10.jpg

Како авиокомпанијата осигурува дека екипажот е добро подготвен за справување со вонредни ситуации?

Обуката е фокусирана на безбедноста. Редовно одиме на симулатори, вежбаме различни сценарија и посетуваме многубројни тренинзи и тестирања во текот на секоја година, за да бидеме подготвени во секоја ситуација.

goran-najdoski-stjuard-vo-wizz-air-imam-poseteno-povekje-od-30-zemji-timskata-rabota-za-vreme-na-let-e-najvazhna-05.jpeg

Како го балансираш приватниот живот и работата, со оглед на честите патувања?

Не е лесно, но успевам. Се трудам максимално да го искористам слободното време за одмор и дружење со семејството или пријателите.

Мора да бидете многу добро организирани за да балансирате во животот.

goran-najdoski-stjuard-vo-wizz-air-imam-poseteno-povekje-od-30-zemji-timskata-rabota-za-vreme-na-let-e-najvazhna-11.jpeg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Милица Павловиќ за CRNOBELO: „Немам емотивен партнер, можеби Македонец ми е судбина“ „Да не беа моите баба и дедо, немаше да сум толку решителна. Нивните крилја ми б...
Вирџинија од Скопје е девојка со уникатен моден стил – шарени стајлинзи, сина коса и нокти во сите б... „Косата ми е сина веќе 7 години и е ‘морето во мене’. Облекувањето за мене е заб...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Успешни Македонци низ светот: Воислав од Тетово е ембриолог во најголемата болница во Осло „Јас помагам во оплодувањето на јајце-клетката во лабораторија, во вештачки усло...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg