Горан Најдоски, стјуард во Wizz Air: „Имам посетено повеќе од 30 земји, тимската работа за време на лет е најважна“
Како функционира процесот на правење распоред? Колку има флексибилност?
Обично сè се заснова на стаж, но можете да аплицирате за одредени рути или слободни денови.
Понекогаш ако успеете може да се замените со смените со колегите, но не е секогаш загарантирано.
Како се согласуваш со колешките како машки член на кабинскиот екипаж?
Искрено, одлично се согласуваме. Сите се многу професионални, позитивни и отворени, па полот воопшто не е важен.
Сè се врти околу тимската работа.
Колку земји имаш посетено досега?
Досега имам посетено 30 земји. Тоа е една од најголемите предности на оваа професија.
Koлку ти е тешко кога станува збор за работа на празници како Нова Година или Божиќ?
Тоа е дел од работата, па се навикнувате. Може да биде тешко кога ги пропуштам празниците, но се трудам да го надоместам тоа кога сум дома.
Плус, убаво е да го споделите празничното расположение со патниците, оваа 2024 ќе ја затворам со лет, а слетуваме во новата 2025 година со мојот прекрасен тим.
Како го организирате времето за време на лет со комплетно резервирани седишта и многу барања од патниците?
Ги приоритизирам работите што треба да се завршат прво и соработката со остатокот од екипажот многу помага, плус се трудам да сум максимално ефективен и смирен, дури и кога е навистина напорно.
Што би направил ако патник има медицинска итна состојба?
Би ги следел насоките на обуката: да ја проценам ситуацијата, да пружам прва помош и да го известам капетанот. Најважно е да останам смирен и да реагирам брзо.
Среќен ли си за новите линии од Скопје?
Да, многу ми е мило. Објавивме отворање на три нови линии од Скопје од мај 2025 година. Ќе летаме до Барселона (Шпанија), Лион (Франција) и Штутгарт (Германија).
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело