Видео интервју: „Јелена од Преспав мрази да прави 6 работи за иста плата, а во приватен живот – неправда“
На пауза од снимањето на четвртата сезона на Преспав, Јелена Јованова одвои неколку минути за нас и направи споредба помеѓу нејзиниот лик во серијата и во приватниот живот.
Јелена Јованова е актерка која постојано се искачува нагоре по скалата на успехот, на светско ниво, а за македонската јавност во изминатиов период е најпопуларна поради улогата во хит серијата Преспав, по која стана препознатлива како Јелена од Драчево.
За време на снимањето на четвртата сезона на Преспав, побаравме од актерката да направи споредба помеѓу нејзиниот лик од серијата и Јелена во приватниот живот.
Таа ни запеа песна од Цеца, но откри и која ѝ е омилена песна во приватниот живот, вели дека во Преспав ги носи сите бои кои може да се замислат на папагал, а во секојдневието обожава црна, бела и сива.
За CRNOBELO.com таа одговори на неколку прашања и ни откри интересни детали кои фановите со сигурност би сакале да ги слушнат.
Погледнете го видеото и воочете ја разликата помеѓу Јелена од Преспав и Јелена во приватниот живот:
М. М. | Црнобело