Горјан Јовановски: „Живеам во Амстердам, но доаѓам во Македонија и се борам со социјално одговорни проекти“

Доколку сте слушнале за апликацијата МојВоздух, сигурно сте слушнале и за Горјан Јовановски – човекот кој стои зад овој и уште неколку успешни проекти кои имаат за цел да ја разбудат социјалната одговорност. 

gorjan-jovanovski-zhiveam-vo-amsterdam-no-doagjam-vo-makedonija-i-se-boram-so-socijalno-odgovorni-proekti-01.jpg

Поразговаравме со Горјан кој е посветен еко-активист, софтвер инженер со богато професионално искуство, јавен говорник… инспирација за секој млад човек.

Здраво Горјан! Како е да се биде еден од најнеуморните еко-активисти кој го размрда регионот со својата успешна апликација AirCare?

- Здраво! За мене искрено успехот на AirCare многу ме радува, но во исто време ми дава нова одговорност што ја имам кон корисниците. Кога толку голем број на луѓе ја симнаа и и веруваат на апликацијата, мора да вложам доста време во коректно претставување на информациите.

Сепак, сето тоа го правам во моето слободно време, со многу љубов и пасија, зошто AirCare ми даде поента на мојот живот и верувам дека тоа е една од алатките со кои ќе дојдеме до позелено утре.

Дефинитивно, ти си еден од ретките млади луѓе кои го користат своето знаење и вештини за решавање социјални проблеми. Како започна сето ова?

- Искрено, МојВоздух (или по ново AirCare) беше обичен експеримент јас да научам да правам Android апликации, и воопшто немав идеја дека ќе направи ваков импакт.

Кога увидов дека луѓе навистина се заинтересирани за такви податоци, почнав да размислувам како јас со моите компјутерски вештини можам да придонесам кон решавање на еден комплексен проблем како загадувањето на воздухот.

Започнување на еден ваков проект денес е полесно од било кога, и секој може доколку вложи малку време во изучување на технологиите.

intervju-gorjan-jovanovski-primer-za-socijalna-odgovornost-02.jpg

Што ја храни твојата мотивација да продолжиш со активизам во средина каде владее апатија?

- Македонија за мене е сè уште мал проблем, т.е. решлив проблем. Не сме голема земја како Индија, и имам надеж дека може да се решат проблемите доколку доволно свесни луѓе се активираме и здружиме.

Искрено, тешко е да се биде активист во Македонија, бидејќи тешко е да се обединат сите организации и поединци што се борат за иста цел. Треба да прекинеме да гледаме за личниот интерес, и заедно да се бориме.

Пред одреден период имаше инспиративен пост околу важноста на рамнотежата меѓу работата и личниот живот. Како ти успеваш да ја одржиш рамнотежата меѓу животот, работата и активизмот?

- Искрено, за мене е мит дека нема време за сè. Успевам да одам на 9-5 работа, да појдам до теретана, да се видам со пријателите, да патувам и сепак да имам време да работам на социјално одговорни проекти.

Луѓе најчесто сами се убедуваат дека немаат време и живеат со таа лага. Само со правилна распределба на времето и обврските може да се најде баланс, макар и само 1-2 часа неделно да се посвети на активизмот.

Викендите се посебно добри за ова, затоа не преферирам да спијам до доцна, туку утрата да ги користам за такви цели.

Intervju Gorjan Jovanovski primer za socijalna odgovornost 02 copyIntervju Gorjan Jovanovski primer za socijalna odgovornost 02 copy

Може ли да ја раскажеш идејата зад новиот проект Мој Миленик?

- Често ги следам ФБ групите каде што се објавуваат постови за изгубени или пронајдени миленици. Целиот тој процес не е стандардизиран, на моменти хаотичен, и сигурно стресен за сопствениците што си ги бараат своите миленици.

Дојдов до идеја да направам апликација, каде што ќе може да се објавуваат изгубени или пронајдени миленици, и врз база на последната позната локација на миленикот, ќе стигаат нотификации на сите корисници во таа околина.

На тој начин, ќе може секој да помогне во потрагата, макар и да отвори очи само дур се движи низ град.

intervju-gorjan-jovanovski-primer-za-socijalna-odgovornost-002.jpg

Што ѝ препорачуваш на твојата генерација?

- Активирајте се. Не чекајте. Никој нема да ни ги реши проблемите на денешницата. Ни родителите, ни владата, кога гледаме дека некој систем не функционира, не го прифаќајте тоа пасивно, туку активно работете за негово подобрување.

Лесно е да се каже дека ќе се отселам од државава и готово, јас тоа и го направив. Но сфатив дека бегање од проблемите нема да ги реши, и затоа иако живеам во Амстердам, констатно доаѓам во Македонија и се борам со социјално одговорни проекти (МојВоздух, Рециклирам.мк, ДаРазјасниме, Волонтирам.мк, МојМиленик...).

intervju-gorjan-jovanovski-primer-za-socijalna-odgovornost-04.jpg

А. Т. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Барбара Поповиќ за CRNOBELО: „Имам италијански корени, ќе пеам на Сан Ремо“ „Од македонските музичари најблиска сум со Иван Јованов од Либеро бенд. Тој ми е...
Иван Босиљчиќ за CRNOBELO: „Јелена ме научи да бидам романтичен, порано не бев како ликовите што ги ... „На 6 години добив брат, а многу сакав сестра. Родителите ми велеа дека ќе имам ...
Јелена Карлеуша за CRNOBELO: „Еден ден ќе станам светска ѕвезда“ „Ника и Атина се скромни девојчиња, така ги воспитав. Пред Ника да почне да сним...
Маја од Скопје на 41 година го победи ракот на дојка: „Пациентите кријат дека примаат терапии, кај н... „Сакав и одлучив да живеам и мислам дека таа свесна намера беше пресудна да се п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg