Дилан Потер од Австралија: Балканците се гостопримливи, опуштени и добродушни, но многу горделиви
- Детали
- четврток, 17 октомври 2019
Оние, родени на Балкан, сакаат што поскоро да се преселат во некоја „ветена земја“, а оние што потекнуваат од таму, знаат да се фасцинираат од сè она што ќе најдат тука.
Дилан Потер (19) од Бризбејн, Австралија, од татко Англичанец и мајка Австралијка, на 1-ви мај, пристигнал во Виена, па со автобус се упатил до Љубљана.
Неговата прва дестинација со преноќување била Метлика, на граница со Хрватска. Тие денови негов пријател работел таму па тој останал кај него, каде добил и второ име, Милан Лончар.
По недела дена, Дилан продолжил со своето патување во Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Бугарија и Македонија.
„Во јануари 2018 година, започнав да се дружам со двајца Срби, кои ми препорачаа балканска музика, како Миладин Шобиќ, Џони Штулиќ, Оливер Драгојевиќ, Шабан Шаулиќ…
Слушав и други изведувачи, но со нив го остварив првиот контакт со регионот. После се запознав и со други културни работи како храна, танцови, историја и еден ден решив да почнам со учење на српски јазик“, раскажува Дилан.
За време на своето патување низ Балканот запознал многу отворени луѓе. Остварил добри пријателства и Балканците ги смета за гостопримливи, опуштени и добродушни луѓе, а забележал дека сите поседуваат голема гордост во себе.
„Многу места ми се прилепија за срцето. Сакам многу градови од многу причини. Велико Трново во Бугарија е најубавиот град кој го имам видено. Ги сакам Риека, Пула, Бања Лука, Мостар, Скопје, но на крај најдраг ми е Коњиц.
Досега го посетив четири пати и повторно би одел таму. Сретнав многу добри луѓе, цело време пиев кафе и пушев наргиле“, споделува Дилан Потер за неговите најдраги места на Балканот.
За време на патувањето Дилан поминал низ секакви случки. За него најинтересен бил моментот кога спиел во кафулиња во Херцеговина, или кога испил многу пива во Велико Трново, и сабајле се разбудил без мамурлак.
„Не знам кого точно ќе се вратам на Балкан, но сакам да студирам славистика. Најверојатно ќе студирам во Нови Сад, а можно е тоа да биде и во Сараево, Риека или Загреб. Ќе видиме“, завршува Милан Лончар, ако оди сè како што треба, тој се враќа во Србија следниот август да започне со своите студии.
Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело