Искуството на Блаже Аризанов: Неколку дена бил бездомен, патувањето му помогнало да се издигне

Неговото име може да го сретнете на бизнис портали, форуми, конференции, анатема-прогласи, по некоја книга, коментари на Порнхаб, на персона нон грата листи и на една тетоважа. 

blaze arizanov pet mali zavrseni raboti ke ve ostrucat da zavrsite edna sredna pet sredni realizirani raboti i vekje ste srpemni da izgradite milionska kompanija 5

Со Блаже Аризанов, од струмичкото село Борисово, се запознавме преку неговата книга „Белиот трофеј“, а раскажува за неговото заминување во Индија во 2011 година каде по 4 години ја основа компанијата Stay Uncle.

По само две години неговата фирма стана една од Деветте најпросперитивни индиски стартап компании за 2018 година според Форбс Индија.

Блаже Аризанов со години живее во странство и е од оние луѓе, кои имаат еден тон приказни и досетки за раскажување. И тоа не се стории само што забавуваат, туку поседуваат и по некоја животна лекција, совет или мотивација.

„Впечатливи беа деновите кога Санчит спиеше на земја бидејќи јас го користев неговиот кревет. Впечатливи беа пладнињата кога без пари во џеб, ќе излезевме на пазар, ќе се напиевме ласи и после во локалното ашрамче на музика.

Впечатлива ми беше долината Спити на Тибетантското блато која заедно со Лапонија во Северна Финска се двете најубави места што ги имам видено во животот.

Впечатливи ми беа капењата во водопади длабоко во Хималаите. Впечатливо ми беше кога бев бездомен и неколку денови спиев на под заедно со стотици други верници на подот на бараката во еден храм во Јужна Индија.

Впечатливо ми беше кога ми ја снема влечката наредното утро, и си реков, епа таман е, и чекорев следните неколку часа со една влечка.

Впечатлив ми беше единствениот храм на Брама во Пушкар, во Индија, опкружен со деформирани луѓе и животни какви што тешко некаде ќе видите, каде верници од цела Индија пристигаат да се излечат од демонска опседнатост, кубејќи си ја косата.

Впечатлива ми беше дружбата со дакините, вештерките-проститутки во Калкута. Впечатлива ми беше журката во еден бар во село длабоко во централен Тибет што кога дојдовме беше празен, а од кога заигравме јас и девојката од Германија, се приклучија и локалните момци и стана прекрасно.

blaze arizanov pet mali zavrseni raboti ke ve ostrucat da zavrsite edna sredna pet sredni realizirani raboti i vekje ste srpemni da izgradite milionska kompanija 2

Впечатливи ми беа оризовите полиња во Непал. Впечатливо ми беше кога по не знам кој пат останав без пари, при посета на Шри Ланка и одев по плажата и ги молев луѓето да ја купат ПДФ верзијата на мојата прва книга.

Впечатлива ми беше вечерта на гости кај еден пријател книжевник во Индонезија што ми ги покажа ритуалите за бела магија на неговиот татко свештеник, и наредното утро кога жнеев ориз со неговото насмеано деведесет и кусур годишно деденце.

Впечатливи ми беа аристократските руски бањи денес напуштени објекти, населени од бездомници на кои случајно налетавме длабоко во џунглата во Грузија откако малце се изгубивме за назад, јас и еден студент од Словачка со кој се запознавме претходната вечер.

Впечатливи се пораките од задоволни клиенти на StayUncle ширум цела Индија од типот – Благодарение на вас, си ја спасивме врската“,  раскажува тој за неговите бројни доживувања од изминатите неколку години.

blaze arizanov pet mali zavrseni raboti ke ve ostrucat da zavrsite edna sredna pet sredni realizirani raboti i vekje ste srpemni da izgradite milionska kompanija 3

Блаже Аризанов вели дека престанал сам на себе, а и на другите, да биде pain in the ass. Додава дека станал прагматична, рационална личност, солидно едуцирана во начините на светот.

„Немам мислење за Македонија, ниту за која било конкретна земја, битна ми е сопствената слободна територија и луѓето што имаат пасош до неа.

Има еден одличен збор кај нас во село останат уште од Турски времиња – Таман. 

Ова мало зборче ми врши полно работа. Како си? Таман. Што мислиш за ова? Таман си е. Ќе нè биде? Таман сме си. Таман, како зборче небаре има ориентален карактер. Изразува континуитет, релативност – не сме таму, но сè уште не е готово. Таман не треба да се поистоветува со оптималност.

Оптималноста подразбира мануелен зафат, интервенција. Таман значи прифаќање на тековноста на нештата и настаните, неможноста да контролираш сè, себе-предавањето на варијаблите на светот, но и будност енергично да се грабне моментот кога одвреме-навреме равенството ќе се изедначи.

Таман, значи ако биде, биде, ако не, не. Токму флуидноста на нештата ме прави бесконечен оптимист во иднината“, споделува тој.

blaze arizanov pet mali zavrseni raboti ke ve ostrucat da zavrsite edna sredna pet sredni realizirani raboti i vekje ste srpemni da izgradite milionska kompanija 1

Ако го прашате колку патувањето и новите култури му имаат помогнато да созрее и да се издигне, тој ќе ви одговори: многу.

Блаже патува поради неколку причини. Да ги види и да им се поклони на достигнувањата на другите народи. Да види какви сè методи имаат развиено за справување со тешкотијата, наречена битисување. Да остане флуиден. Да учи.

„Ангажман. Проактивност. Гледате МладиХаб просторија во центарот на Скопје? Одете прашајте што е и како можете да се ангажирате. Гледате канцеларија на АИЕСЕК? Одете прашајте што е.

Ангажирањето нека ви стане навика. Работливоста нека ви стане навика.

Пет мали завршени работи ќе ве остручат да завршите една средна. Пет средни реализирани работи и веќе сте спремни да изградите милионска компанија“, советува Блаже Аризанов, кој се стреми спрема нови работи и бизниси, сака повеќе да пишува, подготвува колекција на еротски раскази на англиски јазик, а можен е и некој политички ангажман.

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Барбара Поповиќ за CRNOBELО: „Имам италијански корени, ќе пеам на Сан Ремо“ „Од македонските музичари најблиска сум со Иван Јованов од Либеро бенд. Тој ми е...
Иван Босиљчиќ за CRNOBELO: „Јелена ме научи да бидам романтичен, порано не бев како ликовите што ги ... „На 6 години добив брат, а многу сакав сестра. Родителите ми велеа дека ќе имам ...
Маја од Скопје на 41 година го победи ракот на дојка: „Пациентите кријат дека примаат терапии, кај н... „Сакав и одлучив да живеам и мислам дека таа свесна намера беше пресудна да се п...
Јелена Карлеуша за CRNOBELO: „Еден ден ќе станам светска ѕвезда“ „Ника и Атина се скромни девојчиња, така ги воспитав. Пред Ника да почне да сним...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg