Интервју со Даниела (36): Животот со три дечиња во село во Германија - откако сме постојано надвор, децата никогаш не биле поздрави

Постојат одредени Инстаграм профили кои ми претставува вистинско задоволство да ги следам. Еден од нив е профилот на Даниела која живее во Германија речиси 13 години.

zhivotot-so-tri-dechinja-vo-selo-vo-baern-germanija-ruchekot-i-kafeto-vo-grad-zamenete-go-so-piknik-vo-priroda-01.jpg

Даниела е 36 годишна мајка на три ќерки на возраст од 2, 3 и 4 ипол години. По завршување на Правниот факултет во Скопје и потешкотиите да најде работа, Даниела заминува во Германија најпрво преку “Aupair“ - програма за живеење во семејство каде има можност да се грижи за едно мало девојче и да го учи јазикот. 

„Една година се грижев за едно мало девојче, со кое го имав првиот вистински контакт со дете, за кое бев одговорна, но и од кое многу научив за детскиот развој и ми беше од помош за понатамошните идеи за игри и забава за периодот кога и јас станав мајка.

Потоа се запишав на втор факултет, меѓународен бизнис менаџмент, кој ми овозможи да добијам продолжување на визата, но и одлични перспективи за работа после дипломирањето.“

Поразговаравме на кратко за животот во Германија и начинот на игра и воспитување на дечиња таму.

intervju-so-daniela-36-zivotot-so-3-decinja-vo-selo-vo-baern-germanija-otkako-sme-postojano-nadvor-decata-nikogas-ne-bile-pozdravi02.jpg

Кога ќе го погледне човек вашиот Инстаграм профил, добива впечаток дека имате навистина многу активности со децата во текот на денот. Како изгледа еден ваш ден?

Најсискрен одговор би било турбо. Две од ќерките посетуваат градинка, па утрото почнува со подготовката на нивните кутии со појадок и ужина - овде родителите ги спремаат оброците, облекување и средување и потоа секако обврските околу најмалата и заедничка прошетка во природа.

Во текот на денот се обидувам да направам баланс помеѓу игрите и акивностите со најмалата и домашните обврски. Повторно започнав да работам со скромни 2 часа на ден, од областа на сметководството, во градежната фирма каде сум вработена, па се трудам дел од работата да завршам додека најмалата преспива или доцна навечер.

Поминувате многу време во природа, колку е ова значајно за вашите деца? Живеете во близина на шумa?

Кога останав бремена со најголемата ќерка ја донесовме оваа одлука, да се повлечеме од градската бучава и да се преселиме на некое помирно место, опкружени од убавините кои ги нуди природата.

Да, живеам во едно мало село, во областа Баерн, опкружено со голем број шуми и паркови за животни.

intervju-so-daniela-36-zivotot-so-3-decinja-vo-selo-vo-baern-germanija-otkako-sme-postojano-nadvor-decata-nikogas-ne-bile-pozdravi04.jpg

Животот во Германија со деца - градинки, едукација?

Едната ќерка започна со градинка од 2 години, втората од 1 година, третата ќе добие место од наредниот септември, на околу 2,5 години.

Моите две ќерки одат во интегративна градинка. Што подразбира ова? Станува збор за една мала градинка, две групи со по 15 дечиња.

3 до 5 дечиња се соочуваат со дефицити во определена област од развојот, когнитивно, моторички, проблеми со слухот, со говорот, аутисти или даунов синдром, а останатите 10-12 дечиња во групата немаат дефицити од ваков или сличен тип, односно имаат развој соодветен за возраста. Во градинката доаѓаат стручни лица од различни области - физиотерапевт, дефектолог, логотерапија каде на децата бесплатно, секојдневно, во простории од градинката посебно опремени и соодветни за терапиите, им се пружа стимулација и терапија.

Имаат сензорна соба, сала за спорт, сала со базен од топки, простории за активности, огромен двор со секакви реквизити за игра и забава. Децата заеднички, сите 30, без некакво делење, играат, си помагаат, се дружат и забавуваат.

Има редовни посети на локации од типот зоолошка, пожарна, библиотека.

intervju-so-daniela-36-zivotot-so-3-decinja-vo-selo-vo-baern-germanija-otkako-sme-postojano-nadvor-decata-nikogas-ne-bile-pozdravi05.jpg

Се организираат недели на литературата каде секој ја носи омилената книга или родителите читаат на нивниот мајчин јазик, доколку е поразличен од германскиот, недели на рециклирање каде од најмали нозе им се пробудува свеста за значењето на некои значајни прашања, се организираат преспивања во градинката, активности во шума, а летно време хит им е прскањето и игра со вода во градината на градинката.

Појадокот и ужинката секое дете ја носи од дома, па се трудам да имаат редовно внесување на здрава храна, а истото е поддржано и од страна на градинката со превкусни био оброци. Редовно, на сопствена иницијатива, печат мафини, колачи, во чија подготовка децата целосно учествуваат, но и многу разновидни работилници за „направи сам“ проекти со дечињата.

Овој тип на градинка е нешто што навистина посакувам да се оствари и во Македонија. 

Кои се најдобри активности во природа?

Би рекла дека најдобри се оние кои спонтано настануваат и истовремено ја поттикнуваат фантазијата кај децата. Чекорејќи низ шумата доколку најдат стапчиња, се обидуваат да направат ножици од истите и ја раскажуваат приказната за волкот или влегуваат во улогата на некој омилен лик од приказните кои ги читаме.

Спонтано собираат камчиња и ги редат обидувајќи се да направат круг на кој сите ќе седиме и ќе пееме, набљудување на печурките кои случајно сме ги сретнале, шлапкање во вирчиња, мирисање на цветови, допирање на мововите, игри со земја, некогаш носиме и дополнителни реквизити со нас како магични стапчиња и круни…

zhivotot-so-tri-dechinja-vo-selo-vo-baern-germanija-ruchekot-i-kafeto-vo-grad-zamenete-go-so-piknik-vo-priroda-03.jpg

Една обична прошетка во природа стимулира толку многу сетила кај децата и прави чуда не само за физичкото здравје туку и за сите области од детскиот развиток.

Претходно, беа постојано болни, со континуирана кашлица која траеше и по 8 недели. Постојаните посети кај детскиот лекар и пулмолозите не донесоа никаква промена.

Можам да речам дека од тој аспект, последнава година, откако интензивно сме постојано надвор, не биле никогаш поздрави.

intervju-so-daniela-36-zivotot-so-3-decinja-vo-selo-vo-baern-germanija-otkako-sme-postojano-nadvor-decata-nikogas-ne-bile-pozdravi06.jpg

Во онаа позната изрека нема лошо време, има само лоша облека, има голема вистина. Македонија е мала држава со многу планини и во близина на секој поголем град има убави и чисти места и многу природа. Ручекот или кафето низ град, влезница за во игротека, би можеле да се заменат со пикник во природа.

Тоа беше првата промена која ние, како семејство, ја направивме кога го започнавме ова патување.

Дожд, снег, ништо не ве спречува да бидете надвор со дечињата...

Токму така. На жалост, оваа зима немавме снег, но температурите одеа до -10 степени. Истото не беше пречка за секојдневни активности надвор од домот.

intervju-so-daniela-36-zivotot-so-3-decinja-vo-selo-vo-baern-germanija-otkako-sme-postojano-nadvor-decata-nikogas-ne-bile-pozdravi07.jpg

И во градинките е така - независно од годишното време и временските услови децата играат надвор, па делот со секојдневните активности надвор од домот успешно го исполнуваат и таму.

Со најмалата ќерка, која има нецели 2 години, имаме секојдневна рута за прошетки и активности.

Кога почнавте да читате книги со ќерките?

Од најмала возраст би било вистинскиот одговор. На почетокот беше доволно да го слушаат мојот глас, да знаат дека е мама тука. Потоа, околу 6 месеци, се префрливме на книги каде опипуваат форми со различна текстура и материјал.

Околу година започнавме со книгите кои испуштаат звуци, за потоа да се префрлиме на книги каде се учат зборчиња и имиња на предмети, oд околу 2г. кратки приказни.

zhivotot-so-tri-dechinja-vo-selo-vo-baern-germanija-ruchekot-i-kafeto-vo-grad-zamenete-go-so-piknik-vo-priroda-04.jpg

Постојано изработувате игри заедно со вашите деца. Кои се вашите 5 најдобри активности во домашни услови?

Сензорните активности и „направи сам“ проектите се мои, но и омилени активности на ќерките. Морам да признаам дека ми е тешко да издвојам само 5.

https://www.instagram.com/p/B8PLCJHo0R_/

https://www.instagram.com/p/B774wkPoQJr/

https://www.instagram.com/p/B4sYkrJItWu/

https://www.instagram.com/p/B2JKFzmIqOc/

https://www.instagram.com/p/B1S7TUnoTSh/

Совет за мајките кои сакаат да уживаат во своето кафе, но истовремено и да бидат со децата:

Често користам една изрека, раат кафе. Најдобра игротека е природата, место каде децата може да играат, да се забавуваат, да се валкаат (да и тоа е добро и е дел од детството). Едноставно го земам термосот со кафе и додека играат и истражуваат јас го пијам моето кафе.

intervju-so-daniela-36-zivotot-so-3-decinja-vo-selo-vo-baern-germanija-otkako-sme-postojano-nadvor-decata-nikogas-ne-bile-pozdravi07_1.jpg

Мој предлог би било сите мајки да пробаат ваков вид на раат кафе, во природа.

Заедно со мала група мајки и стручно лице започнавме еден предизвик за развивање на креативноста преку најразновидни активности, #dabidemekreativnipredizvik со цел да ги мотивираме и останатите мајки. Погледнете и придружете ни сè.

Даниела можете да ја најдете на Инстаграм како @oursensoryfamily. Што се подразбира под сензорна интеграција?

Сензорната интеграција е невролошки процес каде преку соодветно оранизирање на сетилните дразби кои сме ги примиле преку сетилата за вид, слух, вкус, мирис, тактилното сетило (допир), проприоцептивното сетило (мускули и зглобови) и вестибуларното сетило (рамнотежа и движење) соодвето реагираме на околината. Нарушување на некое од овие сетила најчесто доведува до несоодветни реакции на детето кон поставената задача, но и при извршувањето на најобични активности од секојдневието.

Ова е тема со која за прв пат, јас лично, се сретнав пред околу 2.5 години, кога започнав со читање на литература на истата тематика, но и посетував повеќе работилници каде беа давани насоки и упатства за вистинско стимулирање на децата и истите секојдневно ги практикувам.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Е. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Стефан Миленковиќ за CRNOBELO: „Секогаш со задоволство се враќам во Македонија, го сакам вашиот ајва... „И понатаму свирам на виолината изработена во 1783 година. Таа била во сопствено...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
„Со радост се сеќавам на моето детство во Скопје, кога не се заклучуваа вратите и комшиите беа насме... „Сум имал среќа да живеам повеќе години во четири различни земји од нашиот регио...
Марија од Велес живее во Хамбург: „Се преселивме со другарка, Германците постојано ми бараат ајвар“ „Неодамна гости ми побараа ајвар. За среќа имав. Па, сега има проблем кога ќе им...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg