Марјан од Пехчево сам си изградил еко куќа во село без жители: „Имам и летниковец на дрво – оттука Малешевијата е најубава“

„Одењето по планини ме натера да ги спојам природните градежни материјали и да создадам катче за одмор и релаксација. За 6 месеци изградив куќа, има и летниковец на дрво, на височина од 10 метри. Куќата е уредена во традиционален македонски стил, а вратите се отворени за сите и тоа без никаков надомест“ - раскажува Марјан (42) од Пехчево кој сам си направил викендичка во село кое нема постојани жители. 

marjan-od-pehchevo-sam-si-izgradil-eko-kukja-vo-selo-bez-zhiteli-ima-i-letnikovec-na-visoko-drvo-vratite-se-otvoreni-za-site01.jpg

Марјан Митриновски (42) од Пехчево е активен планинар кој по професија е дипломиран шумарски инженер.

За CRNOBELO.com вели дека природата постојано го инспирира па затоа и често со своето семејство сака да пешачи и планинари низ богатите, македонски планински предели.

Професионалното познавање го користи за темелно да ја истражува природата, а со тоа и детално да знае во кој дел од Македонија кои растителни видови се застапени.

Шетајќи ја Македонија, и долж и попреку, посетил десетици планински врвови, а и планинарски домови. Инспириран од македонската традиција, особено изразена пред револуцијата на современо живеење, добил идеја да создаде уникатен еко дом во недопрена природа.

eko-kukja-vo-tradicionalen-makedonski-stil-na-samo-5-kilometri-od-pehcevo-sred-selo-spikovo-01.jpg

Пред околу половина година одлучил да ги „засука“ ракавите и сам да ја изгради својата викендичка. Работел макотрпно, умешно спојувајќи ги дрвото и каменот како главни градежни материјали.

Етно-викендичката на Марјан од Пехчево е оддалечена на некои 5 километри од градот, во село Спиково, кое е без постојани жители.

За секој патник добронамерник етно куќата е отворена, вели Марјан, но ретко кој би тргнал, бидејќи патот до селото е лош.

eko-kukja-vo-tradicionalen-makedonski-stil-na-samo-5-kilometri-od-pehcevo-sred-selo-spikovo-02.jpg

Поразговаравме со него и за CRNOBELO.com тој открива повеќе детали... 

Како дојде на идеја за еко куќа, во село кое нема активни жители, уредена на стар македонски начин?

Искрено не ми беше воопшто тешко да дојдам на идеја за ваква еко куќа, само беше на прашање кога.

Честото одење по многу планини, не само во Македонија туку и надвор од земјава, ме мотивираше да ги спојам природните градежни материјали и создадам катче за одмор и релаксација.

Куќата е лоцирана во село Спиково, на некои пет километри од Пехчево, на мојот приватен имот каде имам голем овоштарник од сливи. Уште додека ја градев внимавав да се зачува тој традиционален, македонски стил.

По макотрпни шест месеци работа се гледаше завршетокот. Внатрешниот дел го уредував многу внимателно, надополнувајќи го секое ќоше со нешто кое ја отсликува македонската традиција.

eko-kukja-vo-tradicionalen-makedonski-stil-na-samo-5-kilometri-od-pehcevo-sred-selo-spikovo-03.jpg

Во дворот, на десетина метри височина, има летниковец. Веруваа ли луѓето дека ќе го направиш?

На 10 метри од куќата има големо бело борово стебло со височина околу 14 метри. Во неговата крошна, на 10 метри височина, направив еден видиковец или ако милувате летниковец.

Кога ќе погледнете од него, а сонцето е највисоко, боите се најјасни и погледот кон цела Малешевија е најбистар.

Но за да стигнете до летниковецот и да го почувствувате адреналинот мора да се искачите по 8 метарска, добро прицврстена, скала.

Кога почнав да го правам повеќето луѓе коментираа со неверување, но штом го изградив сите беа воодушевени.

Дури и најголемите скептици дојдоа во село Спиково и се уверија во направеното, доживувајќи ја Малешевијата на дланка.

Тоа што ќе го паметам од градењето на ова прибежиште се неколкуте непријатни ситуации кога со чекан ќе се удрев по прсти...

eko-kukja-vo-tradicionalen-makedonski-stil-na-samo-5-kilometri-od-pehcevo-sred-selo-spikovo-04.jpg

eko-kukja-vo-tradicionalen-makedonski-stil-na-samo-5-kilometri-od-pehcevo-sred-selo-spikovo-05.jpg

Многумина би посакале одмор на ваква локација, но дали куќата е само семеен објект кој е инспириран од пасијата кон планината?

Куќата е семеен објект кој се наоѓа во средината на мојот овоштарник од сливи во село Спиково. Расположливиот капацитет на мојата куќа во традиционален, македонски стил е 15 легла.

Вратите се отворени за сите и тоа без никаков надомест. Единствен услов е само да се љубители на природата, чистата и еколошка средина, но и традиционалната македонска храна.

Се надевам дека во блиска иднина патот Пехчево - Спиково ќе биде асфалтиран или во најмала мера барем тампониран.

Спиково има статус на село иако нема активни жители, но оние кои влечат корени од таму и имаат имоти многу често одат. Кога патот би се санирал јас верувам дека ќе има наплив и од домашни, но и странски туристи.

eko-kukja-vo-tradicionalen-makedonski-stil-na-samo-5-kilometri-od-pehcevo-sred-selo-spikovo-06.jpg

Колку често знаеш да поминеш во село Спиково каде и се наоѓа еко куќата?

Многу често сум таму, бидејќи имам овоштарник од сливи кој си бара работа и одржување. При моите посети на село Спиково ме придружува семејството, но и пријателите.

Сега од кога ја имам куќата по терк на природата и традицијата често знаеме да направиме и богата трпеза со традиционални, македонски специјалитети.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

 Д. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Сузана Гавазова за родната Сушица: „До 30 години живеев во селото со моите родители, се гордеам што ... „Јас бев срамежлива девојка, но имав голема поддршка од моите соселани кои силно...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Меланија Цветковска, физиотерапевт: „Луѓето кај нас не сфаќаат дека потиснатите чувства предизвикува... „Лутината, стравот или тагата може да се манифестираат како разни абдоминални бо...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Анжелика од Скопје за ракот на дојката: „Се изнаплакав кога ми кажаа, а потоа ги извадив двете гради... „Сама бев појдена на контрола и, искрено, не се сеќавам како стигнав до дома. Се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg