Дона Неделковска, за соочувањето со анксиозноста: „Имав страв од сè, цело време бев во исчекување на нешто лошо“

„Јас за анксиозноста немав побарано помош од доктор, се справував сама, ама дојде време кога поради огромна траума кај мене се појави и посттрауматски стрес, кој сосема ме претвори во нефункционална личност и веќе немав механизам за справување. За трауматичното породување говорев и во медиумите...“, споделува Дона Неделковска (30) од Тетово за CRNOBELO.com.

dona-nedelkovska-za-soochuvanjeto-so-anksioznosta-imav-strav-od-se-celo-vreme-bev-vo-ischekuvanje-na-neshto-losho-01.jpg

Дона Неделковска (30) од Тетово, по професија e стоматолог, но моментално работи фотографија и маркетинг, отворено говори за соочувањето со анксиозноста уште како дете, но и за нејзиното влошување по еден трауматичен животен настан.

Таа вели дека во ваква ситуација задолжителна е консултацијата со доктор за да можете да си ги средите мислите и емоциите.

Дона отворено ја пренесува својата приказна за CRNOBELO.com:

Какви симптоми имаше? Кога сфати дека нешто не е во ред?

Во најкратки црти, имав страв од сè и сешто и постојана грижа за себе и за тие околу мене. Едно чувство како цело време да си во исчекување на нешто лошо.

Освен тоа, отсекогаш сум имала проблем со основна комуникација со луѓе односно социјална анксиозност – навидум обични срамежливост и трема, но на таа трема се надоврзуваа и други симптоми, како неоснованиот огромен страв од сè, лоши црни мисли, проблеми со спиење, кошмари и физички симптоми како тахикардија и забрзано дишење и слично, кои ми влијаеа на квалитетот на живот и функционирање како нормална личност во секојдневни ситуации.

dona-nedelkovska-za-soochuvanjeto-so-anksioznosta-imav-strav-od-se-celo-vreme-bev-vo-ischekuvanje-na-neshto-losho-08.jpg

Дали официјално се поставува дијагноза анксиозност, ти имаат ли поставено тебе и кога? Се консултираше ли со доктор?

Јас за анксиозноста немав побарано помош, се справував сама, ама дојде време кога поради огромна траума кај мене се појави и посттрауматски стрес, кој сосема ме претвори во нефункционална личност и веќе немав компензаторни механизми.

Се консултирав со доктор кратко после трауматичниот настан.

dona-nedelkovska-za-soochuvanjeto-so-anksioznosta-imav-strav-od-se-celo-vreme-bev-vo-ischekuvanje-na-neshto-losho-11.jpg

Што значи да се живее со ваква дијагноза? Што е поинаку во секојдневието?

Она што за повеќето се нормални активности кај анксиозните луѓе е поинаку. Сè изгледа потешко, постресно, пострашно.

dona-nedelkovska-za-soochuvanjeto-so-anksioznosta-imav-strav-od-se-celo-vreme-bev-vo-ischekuvanje-na-neshto-losho-03.jpg

Сметаш ли дека некои тешки животни настани придонеле за ова? 

Сметам дека анксиозноста била дел од мојот карактер уште од дете, ама тоа се потенцираше после трауматичното породување, приказна која многумина ја знаат, говорев во медиумите, не би ја повторувала во детали.

Ама на кратко, тоа што бев на раб на смртта придонесе за влошување на моите мисли, емоции и психа.

dona-nedelkovska-za-soochuvanjeto-so-anksioznosta-imav-strav-od-se-celo-vreme-bev-vo-ischekuvanje-na-neshto-losho-07.jpg

Сметаш ли да не беше тој настан, животот ќе ти одеше во поинаква насока?

Да, 100%. Ама поинаква насока не значи и подобра. Животот сега ми е таков каков што требал да биде и сум благодарна за апсолутно сè.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...
Тамара Тодевска за врската со Лука: „Внимателен е, грижлив и со многу љубов се однесува кон мене и м... „Лука е непосреден, отворен, забавен, позитивен, сака луѓе и дружење. Многу едно...
Анжелика од Скопје за ракот на дојката: „Се изнаплакав кога ми кажаа, а потоа ги извадив двете гради... „Сама бев појдена на контрола и, искрено, не се сеќавам како стигнав до дома. Се...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Миро Кацаров за родниот град: „Старата чаршија во Штип ме научи на 'школо' кое нема цена“ „Роден сум во Штип и растен сум во бивша Југославија, каде сите маалски детски и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg