Дона Неделковска, за соочувањето со анксиозноста: „Имав страв од сè, цело време бев во исчекување на нешто лошо“

Колку ова ти влијае на квалитетот на живот?

Како што кажав претходно, влијае на квалитетот на живот од аспект што кај анксиозни лица секојдневни најобични обврски претставуваат проблем.

Исто така, многу работи би биле поинакви доколку имав разговарано со стручно лице порано, сметам дека многу животни одлуки ги имам донесено во состојба на анксиозност и од комфорна зона.

И поради тоа сметам дека секој човек, без разлика дали има анксиозност или не, треба да оди на психотерапија одвреме-навреме за да си ги процесира емоциите и мислите, како што е случај на запад.

dona-nedelkovska-za-soochuvanjeto-so-anksioznosta-imav-strav-od-se-celo-vreme-bev-vo-ischekuvanje-na-neshto-losho-05.jpg

Колку често ти се случуваат силен напад на анксиозност и потреба да бидеш сама дома?

Сега веќе не ми се случува, а потреба за да бидам сама дома имам често, од причина што така полнам батерии, ама мислам дека тоа не е поврзано со анксиозност, туку карактер.

Откажуваш ли настани? Ти пречат ли луѓето во тие мигови?

Откажував порано, да. Јас лично најдобро се справувам сама со проблеми.

Цело време зборувам во минато време бидејќи како што кажав после разговор со стручно лице и соодветна терапија сето тоа е под контрола и зад мене.

dona-nedelkovska-za-soochuvanjeto-so-anksioznosta-imav-strav-od-se-celo-vreme-bev-vo-ischekuvanje-na-neshto-losho-10.jpg

Примаш ли терапија?

Не би зборувала детално за терапија, бидејќи тоа си е работа на доктори.

Можам само да кажам дека начинот на живот исто така влијае, јога помага, здрава исхрана и поминување многу време во природа.

dona-nedelkovska-za-soochuvanjeto-so-anksioznosta-imav-strav-od-se-celo-vreme-bev-vo-ischekuvanje-na-neshto-losho-02.jpg

Влијаат ли стресните настани на појава на одредени симптоми?

Стресните настани знаат да бидат тригер, особено доколку анксиозноста не е третирана.

Колку сметаш дека говорењето на темата јавно помага?

Помага, затоа што многу е полесно кога знаеш дека не си сам и единствен кој поминува низ нешто, споделената тежина е секогаш помала.

Особено за некои вакви теми за коишто не се зборува многу.

dona-nedelkovska-za-soochuvanjeto-so-anksioznosta-imav-strav-od-se-celo-vreme-bev-vo-ischekuvanje-na-neshto-losho-04.jpg

Што значи да се живее со анксиозност?

Ништо што не може да се реши.

Каква е ситуацијата кај нас, колку во Македонија уште е табу-тема да се говори за менталните болести?

Мислам дека во последно време преку социјалните мрежи се подига свеста за менталното здравје, ама и покрај тоа пак е потценето и оставено во втор план и позадина, така што треба да се зборува многу почесто и транспарентно.

dona-nedelkovska-za-soochuvanjeto-so-anksioznosta-imav-strav-od-se-celo-vreme-bev-vo-ischekuvanje-na-neshto-losho-09.jpg

Што би им порачала на другите што се соочуваат со ваква состојба?

Прво и основно е да си побараат помош, а после втор чекор е работа на себе и промена на животните навики.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...
Тамара Тодевска за врската со Лука: „Внимателен е, грижлив и со многу љубов се однесува кон мене и м... „Лука е непосреден, отворен, забавен, позитивен, сака луѓе и дружење. Многу едно...
Анжелика од Скопје за ракот на дојката: „Се изнаплакав кога ми кажаа, а потоа ги извадив двете гради... „Сама бев појдена на контрола и, искрено, не се сеќавам како стигнав до дома. Се...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Миро Кацаров за родниот град: „Старата чаршија во Штип ме научи на 'школо' кое нема цена“ „Роден сум во Штип и растен сум во бивша Југославија, каде сите маалски детски и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg