Перица Илиевски, страстен читател и колекционер на книги: „Мојата библиотека има 304 книги, купувањето книги е зависност“

Перица Илиевски (20) од Свети Николе е студент на факултет за информатика при универзитетот Гоце Делчев во Штип. Многу сака да готви (иако периодов и нема баш многу време за тоа), да игра табла, а омиленото хоби му е читањето како и правење на интересни фотки со книги.

perica ilievski strasten citatel i kolekcioner na knigi mojata biblioteka ima 304 knigi a knigite mi se podredeni spored izdavacka kukja 12

Тој ја покажа својата колекција книги за CRNOBELO.com и открива детали за својата пасија, колекционерство на книги...

Колку книги имаш во својата библиотека?

Баш пред неколку дена, после саемот на книгата ги броев додека ги редев, 304 вкупно.

По кој редослед ти се класифицирани книгите?

Со секое прередување следува и нов начин на класификација, но моментално се подредени според издавачки куќи.

perica ilievski strasten citatel i kolekcioner na knigi mojata biblioteka ima 304 knigi a knigite mi se podredeni spored izdavacka kukja 9

На кои книги си посебно горд што ги имаш во својата домашна библиотека?

Па би рекол дека сум горд на секоја книга што ја имам, но ако морам да издвојам тоа би биле колекционерските изданија на книгите од Крис Картер со тврд повез.

Најпривлечни се и не размислувам двапати откако ќе излезе ново издание, милина и за очи и за душа за секој колекционер.

Колку од книгите што ги имаш ти се прочитани?

Прочитани ми се околу 40%, но тоа најмногу се должи поради тоа што најголем дел од книгите ми се купени во последните две години, а купувам повеќе од што читам. Претходно читав од библиотеката во мојот град.

perica ilievski strasten citatel i kolekcioner na knigi mojata biblioteka ima 304 knigi a knigite mi se podredeni spored izdavacka kukja 10

Колку често купуваш нови книги?

Многу често. Читањето и купувањето на книги се две посебни хобија, дури би рекол дека купувањето е еден вид на зависност, купуваш еднаш и веднаш сакаш да купиш уште. И кога ќе почнеш, не можеш да престанеш.

Зошто читаш?

Читам бидејќи уживам во тоа, кога читам се одморам. Без разлика на различните придобивки од читањето за кои читаме секојдневно на интернет, ништо од тоа не е важно ако не уживаме додека читаме.

 perica ilievski strasten citatel i kolekcioner na knigi mojata biblioteka ima 304 knigi a knigite mi se podredeni spored izdavacka kukja 8

Кога сфати дека читањето е добро за тебе?

Во основно наставничката постојано ме тераше да читам слободна литература, но никако не можев да се натерам да почнам. Кога завршив со основно се обидов и видов дека ми се допаѓа, дека уживам во тоа и со текот на времето открив дека самиот вокабулар ми е збогатен како и изразувањето.

Продолжив да читам од градската библиотека уште некое време, па потоа сам си направив библиотека дома.

Колку книги во просек читаш годишно?

Тоа е релативно, секоја година различно, но да речеме некој просек од 50 книги. Според мене не е важно колку книги ќе прочиташ, важно е да читаш.

Подобро е да прочиташ 50 книги како што треба, а не 150 и само да ги прелеташ и на крајот ништо да не запомниш од нив. Секоја чест на исклучоците.

 perica ilievski strasten citatel i kolekcioner na knigi mojata biblioteka ima 304 knigi a knigite mi se podredeni spored izdavacka kukja 7

А колку страници успеваш да прочиташ во текот на денот?

Различно, може да се случи да прочитам и цела книга во еден ден, но може да се случи и да не прочитам ниту една страница.

Омилен жанр?

Трилер, дефинитивно, без разлика дали е психолошки или крвав, колку е поизопачен, толку повеќе ми се допаѓа.

 perica ilievski strasten citatel i kolekcioner na knigi mojata biblioteka ima 304 knigi a knigite mi se podredeni spored izdavacka kukja 6

Која книга ти има извршено најголемо влијание?

Би рекол дека тоа е книгата „Атомски навики“ од издавачката куќа Антолог бидејќи се пронајдов во секој напишан збор на авторот. Ни зборува за навиките кои ги имаме и како можеме да ги подобриме своите навики и да ги отфрлиме лошите.

Но сепак ќе кажам, секоја книга си има свој печат, свое влијание и без разлика дали се работи за фикција или вистинска приказна, секоја книга би можела различно да допре до нас.

Кои наслови постојано ги препорачуваш на луѓе?

„Атомски навики“ и книгите на Фредрик Бакман како универзални, книги за секого. А за љубителите на трилер, книгите на најдобрите трилерџии според мене, Крис Картер и Себастијан Фицек.

 perica ilievski strasten citatel i kolekcioner na knigi mojata biblioteka ima 304 knigi a knigite mi se podredeni spored izdavacka kukja 1

Кој наслов го имаш прочитано неколкупати?

Не претпочитам да препрочитувам некоја книга сега кога имам толку многу книги за читање, а толку малку време, но во иднина би сакал да препрочитам неколку книги кои ми оставија впечаток.

Планираш ли некогаш да напишеш книга?

Сега за сега не, но никогаш не вели никогаш.

 perica ilievski strasten citatel i kolekcioner na knigi mojata biblioteka ima 304 knigi a knigite mi se podredeni spored izdavacka kukja 2

Што е со книги од домашни автори? Што имаш прочитано од нив и што е она што планираш да го читаш?

Секогаш сум расположен да прочитам некоја книга од македонски автор. Досега сум ги читал книгите на Александар Николовски, Мирјана Проданова, Жарко Кујунџиски, Наде Стоилковиќ, а следни за читање се две книги кои си ги набавив од саемот годинава – „Тегли“ од Јордан Коцевски и „Годините кога научив да летам“ од Евгениј Хоуп.

По толку многу прочитани книги сигурно имаш запознаено многу интересни ликови, но кои се твоите омилени фиктивни карактери?

Ги има повеќе, но би ја издвоил Ејми од книгата „Ејми ја нема“. Според мене таа е еден од најкомплексно градените ликови во книги и еден од најизопачените воедно.

 perica ilievski strasten citatel i kolekcioner na knigi mojata biblioteka ima 304 knigi a knigite mi se podredeni spored izdavacka kukja 5

Тука некаде ќе го завршиме разговорот. Кои книги сметаш дека секој треба да ги прочита? 

Мислам дека не постои книга што секој би требало да ја прочита. Секој си има различен жанр на читање и секој би требало да чита она што го прави среќен, она кое го опушта и во кое ќе ужива.

Можеби некоја книга на мене премногу ми се допаднала и јас мислам дека секој треба да ја прочита, но некој друг кој ја прочитал не му се допаднала воопшто.

Така  што, би им препорачал на сите да читаат она што го сакаат бидејќи има премногу книги, а премалку време.

perica ilievski strasten citatel i kolekcioner na knigi mojata biblioteka ima 304 knigi a knigite mi se podredeni spored izdavacka kukja 3

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

 Автор: Е. Х. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Зоран Спасов - Ѕоф, урбан скопски лик: „Скопје не би било исто без шармот на оние кои денес имаат по... „Во 2012-та дома го прогласивме Тито за светец и секој 25-ти мај ја славиме слав...
Анжелика од Скопје за ракот на дојката: „Се изнаплакав кога ми кажаа, а потоа ги извадив двете гради... „Сама бев појдена на контрола и, искрено, не се сеќавам како стигнав до дома. Се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg