Дарко Трајковски, сликар и тату артист: „Живееме во многу брзо време, не треба да не се потпираме само на една вештина“

Дарко Трајковски од Куманово е сликар и тату артист, кој според приказните на мајка му на своите 2-3 години чкртал по весници и на какви било хартии кои ги наоѓал по дома, па поради тоа му купувале стари тетратки кои и ден денес ги чува.

darko trajkovski slikar i tatu artist ziveeme vo mnogu brzo vreme pa zatoa e ubavo da se ima izbor i da ne se potpirame samo na edna vestina 13

Дарко Трајковски за време на летните денови го вклучувал ДВД плеерот, ставал ЦД од некој цртан филм и наместо да го гледа, тој го паузирал секој кадар, ја вадел тетратката и го цртал тоа што го гледал. Тоа биле неговите почетоци со цртањето.

Истовремено му се појавила и љубовта кон сликата во движење, па затоа практикува да гледа барем по неколку филмови неделно, зависно од тоа колку има време на располагање. А, како хоби ја издвојува кошарката, покрај тоа што преку неа се здобил со доста повреди продолжил и понатаму да игра.

Дарко, сликаш на платно, на ѕид, во последен период почна и да тетовираш, а постепено се префрлаш и на дигитална уметност. Кога ќе погледнеш наназад од оваа гледна точка каква е твојата уметничка заднина?

Пред сè јас сум сликар, дипломирав на факултетот за ликовни уметности во Скопје. Кога се во прашање сликарските медиуми ги преферирам маслото и акрилот.

Маслото поради визуелниот ефект, а акрилот поради практичноста и фактот дека не мириса и брзо суши додека кога работам со масло најчесто користам терпентин кој има доста јак и не толку пријатен мирис.

darko trajkovski slikar i tatu artist ziveeme vo mnogu brzo vreme pa zatoa e ubavo da se ima izbor i da ne se potpirame samo na edna vestina 11

Низ годините имаме помалку или повеќе моменти кои се пресудни за развој на секој од нас. Кои се твоите клучни одлуки и ситуации што ти овозможија да бидеш она што си денес?

Според мене најбитно за еден творец е да не биде ограничен. Токму поради тоа и јас решив да се надоградам. Почнав со тетовирање и со дигитална уметност. Живееме во многу брзо време па затоа е убаво да се има избор и да не се потпираме само на една вештина.

darko trajkovski slikar i tatu artist ziveeme vo mnogu brzo vreme pa zatoa e ubavo da se ima izbor i da ne se potpirame samo na edna vestina 2

Ако секој уметник има различни извори на инспирација и причини за создавање, тогаш во кој правец те води твојата мотивација за ослободување на она што се наоѓа во тебе?

Како што вели Мартин Скорсезе „Тоа што е најлично е всушност најкреативно“. Кога сум во фаза на размислување за некое дело најчесто тргнувам од себе. Ако мене тоа ме засега и ако јас имам поврзаност со таа тема тогаш се впуштам кон реализација. А инспирацијата се наоѓа секаде, од зборување со други луѓе до тотална случајност.

darko trajkovski slikar i tatu artist ziveeme vo mnogu brzo vreme pa zatoa e ubavo da se ima izbor i da ne se potpirame samo na edna vestina 1

Во моментот кога сè околу нас е дигитализирано, како ти како уметник се промовираш и претставуваш пред публиката во Македонија?

На секој можен начин, од социјалните мрежи, фестивали до изложби. Маркетингот е еден од побитните фактори кои на жалост не се учат на училиште.

darko trajkovski slikar i tatu artist ziveeme vo mnogu brzo vreme pa zatoa e ubavo da se ima izbor i da ne se potpirame samo na edna vestina 3

Постепено уметничките галерии се подзабораваат, а сè е ставено на фокус во виртуелните светови што постојат насекаде околу нас. Си размислувал ли во кој правец се движи уметноста и што е она што ќе биде актуелно во следните години?

Историјата на уметноста е таква што константно е подложна на промени. Во последно време технологијата се движи кон виртуелна реалност, па така се создава и виртуелна уметност.

Во тој правец ќе продолжи и да се движи во иднината. Но традиционалната уметност ќе остане таква каква што е и ќе продолжат да се случуваат изложби во галериски простор.

darko trajkovski slikar i tatu artist ziveeme vo mnogu brzo vreme pa zatoa e ubavo da se ima izbor i da ne se potpirame samo na edna vestina 6

На кои твоите дела си посебен горд?

Горд сум на секое мое дело, но ако би морал да изберам тоа би биле семејните портрети од мојот татко, чичко, дедо, прадедо и муралот од сестра ми. Посебна поврзаност имам кон семејството, па затоа секое дело што содржи некого од нив ми е посебно мило.

darko trajkovski slikar i tatu artist ziveeme vo mnogu brzo vreme pa zatoa e ubavo da se ima izbor i da ne se potpirame samo na edna vestina 7

Оптоварени сме со премногу информации кои секојдневно нè пречекуваат, па како уметник, со какви тешкотии се соочуваш периодов?

Вишокот на информации знае да биде напорен, токму поради тоа не се оптоварувам со вестите премногу, ги следам големите случувања и селективно бирам што доаѓа до мене, а што не. Кога сте уметник инспирацијата може да лежи ви кој било од статиите кои ги читате, но исто така можат и да ве исцрпат.

Најмногу од сè ми пречат непрофесионалците во новинарството, кои наместо да дадат објективно гледање на одреден настан тие наметнуваат свои мислења и сфаќања.

darko trajkovski slikar i tatu artist ziveeme vo mnogu brzo vreme pa zatoa e ubavo da se ima izbor i da ne se potpirame samo na edna vestina 10

Комфор-зоната многупати знае да ни ја намали креативноста, но како ти излегуваш од тој цикличен круг на повторувања и внесуваш свежина во своето творештво, а и во животот?

Комфор зоната е една од работите која е најзабележлива во тетовирањето. Кога ќе видите некој дизајн којшто треба да го пренесе на кожа на почетокот изгледа застрашувачки, но на почеток тоа е случајот со сè, на крај се завршува подобро од што се надеваме.

Постојано себеси се ставам во такви ситуации затоа што тоа е единствен начин за созревање.

darko trajkovski slikar i tatu artist ziveeme vo mnogu brzo vreme pa zatoa e ubavo da se ima izbor i da ne se potpirame samo na edna vestina 9

Секој уметник сака да разговара со луѓето за тоа како тие ги доживуваат неговите дела и каков ефект имале врз него. Кои се најинтересните, а и најнеобичните толкувања за твоите дела што ги имаш слушнато од другите?

Кога го бранев мојот дипломски труд имав насликано платно со зграда која гори. Професорот којшто беше член во жирито ме праша дали е тоа бомбардирањето во Белград. Не знам како, но тој погоди за што точно станува збор уште пред да почнам да зборувам. А од друга страна еден од најчудните совети што ги имам добиено од еден човек е дека кога се слика или црта портрет треба да се направи така што тој би го гледал гледачот директно во очите, не ми образложи зошто, но ете постојат и такви совети.

darko trajkovski slikar i tatu artist ziveeme vo mnogu brzo vreme pa zatoa e ubavo da se ima izbor i da ne se potpirame samo na edna vestina 8

Кога сликаш портрети, што е најтешко да се долови на нив?

Кога работам на некој портрет најповолно е сликата која ми ја дава клиентот да е со висока резолуција и да има доста детали. Според мене најтешко е да се изведе добар портрет од лоша слика.

darko trajkovski slikar i tatu artist ziveeme vo mnogu brzo vreme pa zatoa e ubavo da se ima izbor i da ne se potpirame samo na edna vestina 4

Што е она на што работиш периодов?

Периодов се обидувам да работам на сè по малку. Не се впуштам целосно во дигитална уметност, ниту во сликање платна, туку работам и на тоа и на тоа истовремено.

darko trajkovski slikar i tatu artist ziveeme vo mnogu brzo vreme pa zatoa e ubavo da se ima izbor i da ne se potpirame samo na edna vestina 5

© CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...
Тамара Тодевска за врската со Лука: „Внимателен е, грижлив и со многу љубов се однесува кон мене и м... „Лука е непосреден, отворен, забавен, позитивен, сака луѓе и дружење. Многу едно...
Анжелика од Скопје за ракот на дојката: „Се изнаплакав кога ми кажаа, а потоа ги извадив двете гради... „Сама бев појдена на контрола и, искрено, не се сеќавам како стигнав до дома. Се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg