Теа „Зрнце“ - магичните раце зад совршените лепчиња: „Рачна изработка на лепче веќе и да нема во пекарниците во Скопје“

Од фотките на Инстаграм на виртуелната пекарница „Зрнце“ како да може да го почувствувате мирисот на совршените домашно печени лепчиња. Веднаш ќе забележите дека се направени со многу љубов, со вешти раце и од вистински „уметник“ во кујна.

tea-zrnce-magichnite-race-zad-sovrsenite-lepchinja-rachna-izrabotka-na-lepche-vekje-i-da-nema-vo-pekarnicite-vo-skopje-01.jpg

Теа Трповска е девојката која стои зад приказната „Зрнце“ која со задоволство сакавме да ја споделиме со сите вас.

Се опишува себеси како: „Горда скопјанка. Мајка. Жена. Љубовник. Несуден правник. Пасиониран foodie“

Поразговаравме со неа и таа за CRNOBELO.com открива интересни детали...

Теа, од каде потекнува целата идеја за Зрнце?

Идејата за мојата виртуелна пекарница потекнува од желбата сите да имаат можност да ги пробаат моите sourdough лепчиња и печива кои ги подготвувам.

Во времето на карантинот, печев лепчиња дома секоја сабота. По две. Едното беше за нас, а другото го подарував на следбеници од Инстаграм.

Почнав наивно со подарување, но оп, по една недела имав листа на мобилен на тоа кој сѐ се пријавил за лепче и таа листа растеше и растеше. Печев и преку неделата и подарував.

tea-zrnce-magichnite-race-zad-sovrsenite-lepchinja-rachna-izrabotka-na-lepche-vekje-i-da-nema-vo-pekarnicite-vo-skopje-02.jpg

Завиткани sourdough лепчиња во хартија и заврзани со коноп беа најубавите подароци кои некогаш некому сум ги подарила. И тоа на непознати луѓе со кои само виртуелно се познаваме.

Го развив рецептот за sourdough, по мои параметри и решив да ја отворам мојата прва виртуелна пекарница на Инстаграм - Зрнце

Artisan sourdough лепче значи...

Лепче од кисело тесто (sourdough) кое е рачно создадено. Рачна изработка на лепче веќе и да нема во пекарниците во Скопје. Сѐ е тоа машински и на лента.

Од тесто до формирање на лебот, што е разбирливо за големите пекарници, но сепак таа идеја дека баш тоа едно лепче е специјално направено за тебе и тоа од кисело тесто е магична, самата по себе. Топла и убава.

Луѓето секаде низ светот, а и кај нас, знаат да ја ценат рачната изработка на сѐ, а особено во делот на храната. 

tea-zrnce-magichnite-race-zad-sovrsenite-lepchinja-rachna-izrabotka-na-lepche-vekje-i-da-nema-vo-pekarnicite-vo-skopje-04.jpg

По што се разликуваат вашите лепчиња?

Од моите лепчиња излегува мојата душа. Мојата љубов кон лебот и печивата. Пасијата кон храната која ја негувам долго време. Струи љубовта моја кон тестото и животот. Лебот мој дише љубов. Буквално.

Го правам со целите мои душа и тело. Давам сѐ мое во едно тркалезно клопче од само три состојки. 

Какви типови на лепчиња правите и кое е најбарано?

Печам sourdough лепчиња, обични и необични т.н. baker's special creation. Тие се со додатоци кои ги додавам во лепчето според моменталната инспирација.

Лепче кое најмногу го нарачуваат досега е без конкуренција sourdough лепче со фета, оригано, сусам и маслиново масло (на сликата подолу). 

tea-zrnce-magichnite-race-zad-sovrsenite-lepchinja-rachna-izrabotka-na-lepche-vekje-i-da-nema-vo-pekarnicite-vo-skopje-05.jpg

Кое лепче е ваш фаворит и му се воодушевувате секогаш кога ќе го направите?

Фаворит немам, навистина. Обожавам да печам обични sourdough лепчиња, без ништо внатре. Од нив никогаш не ми здосадува. 

Колку време е потребно за подготовка на лепчето? Како изгледа целиот процес? 

Ова лепче, како и (скоро) секое друго печиво од кисело тесто, се подготвува долго. Прво, се оживува стартерот, па се мешаат брашното, водата и стартерот. Се додава сол и се преклопува повеќе пати додека да постигне определена температура и да нарасне.

Се формира и се остава да ферментира преку ноќ. Следниот ден дури се пече. Процесот на подготовка е долг, треба да се внимава и да се знае температурата каде се подготвува тестото и лепчето. 

tea-zrnce-magichnite-race-zad-sovrsenite-lepchinja-rachna-izrabotka-na-lepche-vekje-i-da-nema-vo-pekarnicite-vo-skopje-07.jpg

Има ли посебен начин на чување на лепчето за да остане подолго време крцкаво и меко?

Ретко кој може да одолее и да не го изеде на едно јадење ова лепче. Ама за најхрабрите, препорачувам веднаш да се замрзне, на парчиња тоа што нема да се изеде. Така, следен пат при одмрзнување, лебот ќе биде свеж и тазе. 

Може ли да се живее од виртуелна пекарница во земјава?

Во земјава може да се живее од сѐ што ти прави во душата да се чувствуваш мирно, исполнето и спокојно. Јас така се чувствувам секој ден и поубаво чувство, нема. 

tea-zrnce-magichnite-race-zad-sovrsenite-lepchinja-rachna-izrabotka-na-lepche-vekje-i-da-nema-vo-pekarnicite-vo-skopje-09.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Е. П. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...
Анжелика од Скопје за ракот на дојката: „Се изнаплакав кога ми кажаа, а потоа ги извадив двете гради... „Сама бев појдена на контрола и, искрено, не се сеќавам како стигнав до дома. Се...
Стефан Миленковиќ за CRNOBELO: „Секогаш со задоволство се враќам во Македонија, го сакам вашиот ајва... „И понатаму свирам на виолината изработена во 1783 година. Таа била во сопствено...
Теа Трајковска за CRNOBELO.com: „Предизвик е да се живее само од музика кај нас“ „Од Златно славејче ги носам едни од најубавите детски спомени. Уште како м...
Александар Златановски работи како аранжер на колачи во Лајпциг: „Добро се заработува, но сакам да з... „Градот го нарекуваат 'младиот Берлин', бидејќи потсетува и по инфраструктурата ...
Бразилецот Клаудио за посетата во Македонија: „Македонките се преубави, таксистите наплаќаат трипати... „Локалците, кои јас ги запознав, се навистина заинтересирани за странци, посебно...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg