Задолжителни книги, филмови, музика - од актерката Емилија Мицевска
- Детали
- вторник, 19 јуни 2018
Знаеме дека уметничкиот вкус на актерите знае да биде навистина квалитетен. Емилија Мицевска, која ја знаеме од театарската сцена своето слободно време го поминува во друштво со добра книга, филм и музика. Колку и да има професионални ангажмани, секогаш знае да си одвои време за себе и да ужива со некое дело од светот на уметноста.
„Само што се вратив од Прилеп. Игравме на фестивалот Војдан Чернодрински со Лет над кукавичјото гнездо на Ристе Алексовски. Претставата поставува прашања кој всушност е луд и што точно значи лудилото. Дали преку ред и дисциплина се доаѓа до среќа и слобода или обратно“, открива актерката, која е во исчекување на премиерата на најновиот филм на Камен Донев во Бугарија, кој го снимаа минатата година.
„Навистина ми е тешко од сите убости на уметноста да ги двојам книгите, филмовите и музиките, не постојат најдобри. Секогаш ќе сакам да набројам повеќе. Слушам сé што буди среќа и уживање во мене. Од сите кралици ќе ја издвојам Кејт Буш“, споделува Емилија Мицевска, која се спрема за неколку патувања летово, исполнето со многу музика.
Книги
Хамлет – Вилијам Шекспир - Јас сум вљубена во Хамлет. Колку и да се среќавам со нови дела, секогаш со навраќам на Хамлет.
Јустина - Маркиз де Сад - Контроверзниот Де Сад, брутален како и секогаш, никогаш не ме остава рамнодушна. Некогаш и не се сложувам со него, но секогаш сакам да дознаам како размислува.
Мистеријата на пасијансот - Јустејн Гордер - И последното нешто кое го прочитав Мистеријата на пасијансот, бајка, авантура, филозофија. Преубаво нешто. Се чувствував како дете.
Филмови
Од филмови сите на Рој Андерсон, особено You, the living.
La grande bellezza на Паоло Соренто.
Сите филмови на Тим Бартон.
И омилениот Endlees poetry на Alejandro Jodorowski.
Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело