Елена Вукановска, наша стомачна танчарка: „Настапувам со познат турски пејач и одам на светски натпревари по ориентален танц“
- Детали
- недела, 16 март 2025
„На мое огромно задоволство настапувам со бендот на Каан Мазхар, најдобриот балкански турски ориентален пејач, а во Скопје прва изведував стомачен танц со свеќник на главата кој тежи 10kg, што бара огромен баланс на телото“, споделува Елена Вукановска (34), инструкторка по ориентални танци, за CRNOBELO.com.
Елена Вукановска (34) од Скопје по професија e економист, но e голем вљубеник во уметноста како танц и поезија.
Таа ја подготвува и својата прва книга „Гол Живот“.
Eлена учествува на разни светски натпревари по ориентален танц, настапува со познат турски пејач, а работи и како инструкторка по ориентални танци.
За CRNOBELO.com Елена споделува детали за љубовта кон танцот:
Како започна да се занимаваш со стомачен танц? Пред колку време? Колкупати неделно вежбаш?
Љубовта кон стомачниот танц ми се јави во основно училиште, првенствено поради љубовта кон ориенталната музика, како и интригата од мистиката кон тој свет кој до неодамна беше непознат за нас.
Професионално танцувам 10 години, а инструктор сум повеќе од 5 години.
Минимум вежбам 3 пати неделно, а настапувам професионално двапати неделно со своето студио „Ориентал”, а останатото време го користам за истражување на видеа за нови светски трендови во танцот.
Што те привлече најмногу кај овој вид танц? Кој беше најголемиот предизвик што го имаше на почетокот?
Стомачниот танц има една посебна техника на грациозност и држење на телото преку која се добива една исклучителна женственост на мистика и елеганција.
Тој се издвојува од другите танци со уникатноста на движењата со кои се вежба целата силуета на женското тело.
Големиот предизвик кај овој танц е токму она што го наведов погоре, односно да се остане доволно заводлива и елегантна, а притоа тоа тотално да се разграничи од секаква вулгарност.
Дали спортуваш и внимаваш на исхраната?
Јас водам здрав живот и верувам во изреката „во здраво тело здрав дух“ - без пороци.
Освен танцот, неколкупати неделно посетувам теретана за да бидам во фит форма.
Имаше ли на почетокот негативни коментари од одредени личности и проблем во прифаќањето на овој начин на танцување?
Секако дека негативни коментари постоеја на почетокот, но и ден денес и претпоставувам дека ќе продолжат да постојат затоа што ваквиот тип на танц не е ниту близок, ниту познат на нашата култура.
Но, јас се надевам и гледам дека младите генерации се веќе запознаени со него поради социјалните мрежи и големата реклама на државите од Блискиот исток, каде што овој танц е дел од тамошната култура и претставува гордост за нивното општество и со задоволство го истакнуваат тоа пред своите туристи.
Младите го следат тоа на интернет и сè се повеќе заинтересирани за изучување на оваа уметност и танц. Тоа особено ме радува.
Со тек на своето искуство научив да се носам со секаков вид на коментари кои веќе немаат никакво влијание врз моето расположение, ниту кон мојата професија, ниту кон љубовта за самиот танц.
Колку твоето тело се промени откако се занимаваш со стомачен танц? Ти се оцртуваат ли стомачните мускули од тренинзите или сепак за овој вид на танц е убаво да се има стомаче?
Танчарките со стомачиња се веќе одамна мит, а современите се со убаво обликувано тело.
На телото при редовно вежбање секако се подобрува самата конституција зацврстеност и еластичност, кои ни се многу важни на нас жените.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





