Елена Вукановска, наша стомачна танчарка: „Настапувам со познат турски пејач и одам на светски натпревари по ориентален танц“
Во која земја живеат најдобрите стомачни танчарки?
Дефинитивно во Египет.
Колку е важен сценскиот костим во твоите настапи? Што носиш?
Сценскиот костим е еден од најважните работи за убаво изведен сценски настап покрај танцувањето, се разбира.
На своите настапи носам квалитетно изработени дизајнерски костими, кои ги имам во различни бои и модели.
Колку музиката е важна при тренинзите? Која ти е омилена песна за тренинг?
Во ориенталниот танц постојат повеќе категории како соло друм, мајанце, класичен ориентален, модерен поп, балади, саиди итн.
Музиката е неразделен дел од секој танц, па и од овој. Мене лично ми се омилени баладите и класичната музика.
Колку стомачниот танц влијае на подобрување на самодовербата кај девојките?
Според мене влијае многу затоа што, како што веќе наведов, ова е многу елегантен и женствен танц со многу грациозни движења.
Па, ја зголемува и подобрува женската самодоверба во секоја смисла на зборот.
Постојат ли натпревари во стомачен кај нас и на светско ниво? Имаш ли учествувано?
За жал, во Македонија не постојат натпревари по ориентален танц како посебна дисциплина за што ми е многу жал и се надевам ќе се промени во наредните години затоа што чувствувам дека има потенцијал за тоа.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





