Елена Вукановска, наша стомачна танчарка: „Настапувам со познат турски пејач и одам на светски натпревари по ориентален танц“
Твои најголеми успеси се…
За свои најголеми успеси најпрво ќе ја споменам својата упорност и посветеност.
Прва сум со изведба на стомачен танц со „candelabra” или свеќник на главата кој тежи 10 килограми на предновогодишен концерт на плоштадот во Скопје, кој бара огромен баланс на телото.
Исто така, горда сум и на настапите надвор од Македонија... Од концерти на некои од најпопуларните грчки пејачи, па до разни манифестации во Египет.
Овде ќе го потенцирам моето учество на гала вечерите на интернационалниот фестивал „Magic Belly Dance“ во Романија кој ќе се одржи наскоро и учеството на 11 издание на „Oriental Marathon Festival“ во Франција кој исто така ќе се одржи наскоро.
Настапуваш ли кај нас? Се заработува ли добро?
На мое огромно задоволство настапувам со бендот на Каан Мазхар, најдобриот балкански турски ориентален пејач, на кого јавно морам да му се заблагодарам за поддршката во мојата кариера и на неговата сопруга Мерсиха Мазхар која ме бодреше и во најтешките моменти.
Настапувам и на други настапи од јавен карактер. Ова е моја професија и јас од тоа живеам.
Што би им препорачала на оние што сакаат да започнат со ориентален танц?
Да имаат желба и упорност, без слушање на чаршиски озборувања.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело
Би можело да ве интересира:





