Ема Ананиевска, пијанистка: „Го изгубив видот како бебе, свирам од 9 години“

„Ми беше потребно многу повеќе време за да го совладам материјалот, особено на факултет каде што програмата беше многу обемна, па моравме да плаќаме и приватни часови за да можам да постигнам сè во зададените рокови и да полагам испити заедно со сите останати колеги“, вели пијанистката Ема Ананиевска.

ema-ananievska-pijanistka-go-izgubiv-vidot-kako-bebe-sviram-od-9-godini-01.jpg

Ема Ананиевска од Скопје е пијанистка која како бебе го изгубила видот.

Почнала да оди на музичко училиште на 8-годишна возраст, а денес, на 29 години, е дипломирана пијанистка со бројни концерти зад себе.

Вели дека иако поради оштетениот вид ѝ било потребно повеќе време да го совлада материјалот, особено на факултет, секогаш имала безрезервна поддршка од нејзините професори и колеги.

Во интервју за CRNOBELO.com Ема зборува за својата кариера како пијанистка, но и предизвиците со коишто се соочува во секојдневието како личност со оштетен вид.

ema-ananievska-pijanistka-go-izgubiv-vidot-kako-bebe-sviram-od-9-godini-11.jpg

Во продолжение, целото интервју со талентираната пијанистка:

Како го изгуби видот и на која возраст? 

Видот го имам изгубено уште како бебе, во инкубатор, како последица на преголема доза кислород без заштита на очи.

На 6-месечна возраст моите родители ја дознале дијагнозата, односно дека имам целосно оштетен вид.

ema-ananievska-pijanistka-go-izgubiv-vidot-kako-bebe-sviram-od-9-godini-17.jpg

Од каде љубовта кон музиката и желбата да свириш пијано?

Првиот контакт со пијаното го имав како многу мало дете. Многу сакав да си играм дека правам музика и имам концерти.

Знаев со саати да седам на пијано и да истражувам какви звуци произведува. Тоа ме фасцинираше.

Затоа, моите родители решија да ме запишат во музичко училиште, сметајќи дека имам желба и осет за музика.

ema-ananievska-pijanistka-go-izgubiv-vidot-kako-bebe-sviram-od-9-godini-13.jpg

Кога почна да учиш да свириш клавир? Со кои предизвици се соочи како ученик со оштетен вид? Како изгледаше процесот на учење, без можноста да читаш ноти?

Почнав да одам во музичко училиште на 8 години.

Првата година не се свиреше инструмент, беше само подготвителна, а од наредната година, кога имав веќе 9 години, почнав да учам да свирам.

Најголемиот проблем во процесот на учење ми беше читањето на нотите, односно недостатокот на соодветна литература што би ми овозможила да бидам целосно независна во читањето.

Тоа подразбира Брајови партитури или звучни програми за читање ноти.

ema-ananievska-pijanistka-go-izgubiv-vidot-kako-bebe-sviram-od-9-godini-20.jpg

Јас имав среќа низ целиот образовен процес, од нижо музичко, па сè до моето дипломирање, да имам безрезервна помош од моите професорки по пијано како и моите колеги и пријатели во тој процес на учење ноти.

Ми беше потребно многу повеќе време за да го совладам материјалот, особено на факултет каде што програмата беше многу обемна, па моравме да плаќаме и дополнителни приватни часови за да можам да постигнам сè во зададените рокови и да полагам испити заедно со сите останати колеги.

ema-ananievska-pijanistka-go-izgubiv-vidot-kako-bebe-sviram-od-9-godini-23.jpg

Дали користиш некои посебни техники за свирење? Како учиш нова песна – дали се потпираш само на твојот слух? Како запомнуваш покомплексни музички дела кога не можеш да свириш гледајќи ги партитурите?

Техниката на свирење пијано или кој било друг инструмент е иста за секого. Нема специјални техники за луѓе со оштетен вид.

Што се однесува до учењето, и кога читам со помош од некој што ми ги чита партитурите, многу полесно ги помнам делата кога ги слушам.

Кога свирите дело, колку и да е комплексно, партитурата мора да се знае напамет.

ema-ananievska-pijanistka-go-izgubiv-vidot-kako-bebe-sviram-od-9-godini-15.jpg

Разликата помеѓу мене и останатите колеги е што тие процесот на учење партитура можат да си го поделат на неколку делови.

Кога јас учам партитура, истовремено ги учам и нотите напамет, и музичката целина. Тоа воопшто не е едноставен процес, бара многу концентрација, теоретско познавање, а мозокот не може за 45 минути, колку што трае еден час по пијано, да апсорбира премногу материјал.

Се случувало за една партитура да ми требаат два месеца да ја совладам како нотен текст, за потоа да можам да ја сработам како целина.

Целиот овој вложен труд ќе се исплати кога на крајот ќе го добиете вистинскиот резултат, односно излегувате на сцена рамноправно со сите останати колеги.

ema-ananievska-pijanistka-go-izgubiv-vidot-kako-bebe-sviram-od-9-godini-12.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Видеата на Маја од Прилеп се хит на Инстаграм: „Добивам и негативни коментари, најмногу за 'ботоксот... „Има негативни коментари, најмногу за филтерот кој го употребувам за устата и не...
Вирџинија од Скопје е девојка со уникатен моден стил – шарени стајлинзи, сина коса и нокти во сите б... „Косата ми е сина веќе 7 години и е ‘морето во мене’. Облекувањето за мене е заб...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Милица Павловиќ за CRNOBELO: „Немам емотивен партнер, можеби Македонец ми е судбина“ „Да не беа моите баба и дедо, немаше да сум толку решителна. Нивните крилја ми б...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg