Анета Апостолоска за борбата со рак на дојка: „Маж ми имаше 2 операции на срцето, кога се смирив, дојде мојата дијагноза“

Што значи да се прима хемотерапија? Имаше ли негативни ефекти, како се справи со истите?

На почетокот првите четири хемотерапии ги поднесов многу тешко. Тогаш ако останеш присебен, одговорен, борбен, силен и длабоко во себе духовит - да знаеш дека веќе си на пола пат.

Телото не е твое, го преземал цитостатикот, кој те убива, а ти се бориш, сакаш да си го вратиш своето тело, но тешко ти оди, слабееш, бледееш, омалаксуваш.

aneta-apostoloska-za-borbata-so-rak-na-dojka-mazh-mi-imashe-2-operacii-na-srceto-koga-se-smiriv-dojde-mojata-dijagnoza-11.jpeg

Јас после терапиите обично чувствував гадење и малаксност, почнав да губам апетит, храната немаше вкус, беше како да јадеш метал и така почнав да губам и килограми од моето тело.

aneta-apostoloska-za-borbata-so-rak-na-dojka-mazh-mi-imashe-2-operacii-na-srceto-koga-se-smiriv-dojde-mojata-dijagnoza-17.jpeg

А што значи да се прима имунотерапија? Имаше ли негативни ефекти, како се справи со истите?

После неколку месеци, паралелно со хемотерапиите, почнав да примам инјекција во нога, која ќе помогне во спречување на развој на хормонот естроген, кој беше причинител за ракот.

Од таа инјекција добив дијареја, која едвај ја запрев и ослабев дури 8 килограми. Најмногу ми помогна чајот од кора од калинка.

Сè уште примам Zoladex, Zometa како и Avomit, од кои некогаш добивам и несакани ефекти, како температура, ревматски болки и гадење.

aneta-apostoloska-za-borbata-so-rak-na-dojka-mazh-mi-imashe-2-operacii-na-srceto-koga-se-smiriv-dojde-mojata-dijagnoza-24.jpeg

Зошто медицинските лица од онкологија се луѓе со срце планина?

Јас на тие луѓе би им дала бенефициран стаж. Верувајте, јас кога ќе одам таму цел ден сум тажна, чекорејќи по тие ходници гледам луѓе кои се измачени, бледи.

Таа жална слика ме убива и ми ја одзема целата енергија.

Но, медицинските лица, кои како да знаат колкава болка ви задал животот, се трудат да ве успокојат и тие како да сочувствуваат со вас.

Кога ги примав хемотерапиите во дневна амбуланта многу подобро ги запознав медицинските сестри, кои беа како мравки (наваму, натаму).

Никогаш не ми повишија тон, никогаш не ме оставија со празно шише инфузија, па дури им беше жал да ме боцкаат, затоа што рацете ми беа модри од секоја хемотерапија.

aneta-apostoloska-za-borbata-so-rak-na-dojka-mazh-mi-imashe-2-operacii-na-srceto-koga-se-smiriv-dojde-mojata-dijagnoza-14.jpeg

Имаше ли зрачење? Како помина со зрачењето? Тежок ли е овој дел од лекувањето?

Да, имав и 15 радиотерапии. Во споредба со хемотерапиите, кај зрачењето не чувствуваш ништо, одиш во одреден термин и за 10/15 минути завршуваш.

Од зрачењето немав никакви несакани ефекти.

aneta-apostoloska-za-borbata-so-rak-na-dojka-mazh-mi-imashe-2-operacii-na-srceto-koga-se-smiriv-dojde-mojata-dijagnoza-20.jpg

Што ти падна најтешко во текот на целиот процес?

Најтешко во целиот процес на лекување ми беше губењето на еден дел од моето тело, губењето на косата, губењето на самодовербата, губењето на женственоста.

Најдобриот совет што ти го дадоа за процесот на лекувањето е?

Дека животот повеќе не е ист, помалку нервоза, помалку стресови, живеј го животот како да ти е последен ден од него.

Онколошките пациенти навистина се борци, се смееш и кога ти се плаче, одиш и кога нозете не можат, јадеш и кога не ти се јаде.

aneta-apostoloska-za-borbata-so-rak-na-dojka-mazh-mi-imashe-2-operacii-na-srceto-koga-se-smiriv-dojde-mojata-dijagnoza-09.jpeg

Сметаш ли дека болеста те направи посилна?

Да, во однос на моето здравје многу повеќе се трудам да одам на контроли, многу повеќе можам да истрпам болка, ментално сум посилна од кога било, го видов дното, видов што значи да си беспомошен и дека, покрај поддршката од своите, сепак сам со себе треба да се избориш.

aneta-apostoloska-za-borbata-so-rak-na-dojka-mazh-mi-imashe-2-operacii-na-srceto-koga-se-smiriv-dojde-mojata-dijagnoza-19.jpeg

Што промени во начинот на живот?

Јас во глобала многу внимавав на исхраната, на здрав живот, така што тоа е дел од мене.

Што променив? Па, да речеме погледот на животот, дека животот може да ти се смени за една секунда и се трудам денот колку може да ми биде порелаксиран.

Во однос на комуникација со луѓето, сфатив дека најважно од сè е моето семејство, мојот сопруг и децата, а за сè останато ако имам време, желба и кој колку заслужил, толку ќе добие, бидејќи моето време ми е драгоцено.

Иако сум перфекционист по природа, се трудам и тоа да го променам, да успеам да ги гледам работите полежерно. Гледам што повеќе да уживам во животот и ако имам можност да патувам, бидејќи тоа се спомени во животот, од кои многу учиш.

Решив секој ден да правам некое добро дело, кое ќе ми ја исполни душата и ќе ме направи среќна, на пример да пропуштиш постар човек на каса или дете со една ќеса смоки, да нахранам некое животинче од улица, да се насмеам на некое дете и да го погалам, да посетам некој манастир и да се помолам за здравје на моите најблиски.

Едноставно да имам чисти мисли во главата и да посакам добро на секого. Тука ја повлекувам црвената линија на НОВ живот, исполнет со позитива и насмевка.

aneta-apostoloska-za-borbata-so-rak-na-dojka-mazh-mi-imashe-2-operacii-na-srceto-koga-se-smiriv-dojde-mojata-dijagnoza-12.jpeg

Порака до сите што во моментот минуваат низ истото…

Секој е борец на свој начин, ќе слушаат многу искуства од пациенти, но секој е различен на свој начин.

Јас искрено кога ја примав терапијата, ставав слушалки и слушав музика, а некогаш и читав книга.

Секој мора да го изоди тој пат, секој нека си го креира своето лекување како му е полесно, секој нека се бори на свој единствен начин, но борбата нека биде со многу љубов, смеа, поддршка, борбеност, желба да се стигне до целта, никако откажување, само треба време и трпеливост.

Правете нешто што ве прави среќни и задоволни сами од себе.

Јас лично решив повеќе да не ја растам мојата коса и ако ја пораснам нема сигурно толку многу да ѝ се посветувам, во животот сè е минливо и менливо, направете си го денот да ви биде совршен.

aneta-apostoloska-za-borbata-so-rak-na-dojka-mazh-mi-imashe-2-operacii-na-srceto-koga-se-smiriv-dojde-mojata-dijagnoza-13.jpeg

Повеќе фотографии од Анета:

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Д-р Иво Паункоски: „Опериравме срце на 2-месечно бебе, првпат користевме 3Д модел да се подготвиме з... „Бебето е првиот пациент со комплексна вродена срцева мана во Македонија, з...
Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...
Милица Павловиќ за CRNOBELO: „Немам емотивен партнер, можеби Македонец ми е судбина“ „Да не беа моите баба и дедо, немаше да сум толку решителна. Нивните крилја ми б...
Ивана од Прилеп го победи ракот: „Ќерка ми (5) ми ја скрати косата кога почна да ми паѓа од хемотера... „Кога ми кажаа дека ракот е минато и тоа како се изнаплакав! Цела една година во...
Миро Кацаров за родниот град: „Старата чаршија во Штип ме научи на 'школо' кое нема цена“ „Роден сум во Штип и растен сум во бивша Југославија, каде сите маалски детски и...
Анжелика од Скопје за ракот на дојката: „Се изнаплакав кога ми кажаа, а потоа ги извадив двете гради... „Сама бев појдена на контрола и, искрено, не се сеќавам како стигнав до дома. Се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg