Анета Апостолоска за борбата со рак на дојка: „Маж ми имаше 2 операции на срцето, кога се смирив, дојде мојата дијагноза“

Првата хемотерапија ми беше закажана на 01.06. - ден кој за мене беше ден на страв, незнаење, паника.

Ме вклучија во амбулантна соба со инфузија. Паметам беа две проѕирни шишиња, едно црвено и, на крај, уште едно проѕирно.

Кога ми го приклучија цитостатикот, тогаш ми рекоа е ова е тоа што ги гори и убива дури и здравите клетки и од него паѓаат влакната од телото и косата.

Верувајте цело време чекав да видам кога ќе влезе таа црвена течност во моите вени. Таа беше мојата црвена линија која ќе ме лекува, убива, легнува, станува, буди од сон, со чувство на гадење и ќе ја одбива храната во моето тело.

Првично го изгубив апетитот, немав желба за разговор, лежев како прегазена и после втората недела ја ставив раката во мојата коса - беше полна со влакна.

aneta-apostoloska-za-borbata-so-rak-na-dojka-mazh-mi-imashe-2-operacii-na-srceto-koga-se-smiriv-dojde-mojata-dijagnoza-10.jpeg

Веднаш му се јавив на мојот сопруг и му реков „почна да паѓа“. Силно заплакав и тогаш се појави мојата свекрва, која ме тешеше „Немој Ане, ништо не е, ќе порасне немој“, а знаев дека длабоко во неа се распаѓа од тага.

За половина час стигна мојот сопруг од работа и ми ги тргаше рацете од косата, ја зема машинката за шишање, ме седна на столче, ми ја бакна главата и почна да ми ја бричи косата.

Паѓаше како есенски лист, сè околу мене беше коса, солзите не прекинаа да течат, сите беа околу мене моите деца, свекрвата, сопругот кои ме тешеа со зборовите „Па убава си, уште поубава“.

Станав, се погледнав во огледало и видов лице кое треба да се бори за сите овие луѓе кои се околу мене. Чувството не се опишува со зборови и не би сакала никој да го осети.

До пред еден ден ти си жена која е полна со самодоверба, а сега во еден дел од минутата самодовербата ја снема.

aneta-apostoloska-za-borbata-so-rak-na-dojka-mazh-mi-imashe-2-operacii-na-srceto-koga-se-smiriv-dojde-mojata-dijagnoza-21.jpeg

Колку трудот да изгледаш добро, правеше да се чувствуваш добро и во најтешките мигови?

Трудот да изгледаш добро, не те прави да се чувствуваш добро. Кој ќе ви го каже обратното да знаете дека ве излажал.

Тоа е само глума, длабоко во себе вие се борите самите со себе, сакаш да станеш, не можеш, се трудиш, стануваш после некое време, телото само си легнува.

Барав и покрај тоа што немав коса да си купам најубава перика каква што јас сакам да изгледам убаво и поразлично, купував турбани во повеќе бои за да можам да ги комбинирам, но залудно.

Периката ми создаваше немир, ме потеше, ме чешаше, ми тежеше на главата, се чувствував како вештачка кукла.

Турбаните почесто ги носев, но имав чувство како сите да гледаат во мене и на крајот од денот, јас пак легнував со болно, малаксано, гологлаво тело.

aneta-apostoloska-za-borbata-so-rak-na-dojka-mazh-mi-imashe-2-operacii-na-srceto-koga-se-smiriv-dojde-mojata-dijagnoza-02.jpeg

Кој ти беше најголема поддршка и без кого не би го издржала целиот овој процес?

Најголема поддршка во целата оваа моја борба беше мојот сопруг, без кој немаше ни да бидам жива.

Тој ме натера да појдам на МР, на биопсија, на операција, тој беше организаторот, тој закажуваше, тој ме носеше по испитувања, бидејќи ви кажав најголема одбивност во мојот живот беа болниците.

Потоа, моите деца кои поприлично се возрасни и многу добро го знаеја целиот процес на лекување, но со хумор или каква било активност ми даваа сила и волја да имам за кого да се борам и на кого ќе му бидам потребна во животот.

Потоа мојата мајка, мојата свекрва, моите најблиски од семејството, мојата Сузи, како и моето куче Нала, кое во ниеден миг не ме остави сама.

aneta-apostoloska-za-borbata-so-rak-na-dojka-mazh-mi-imashe-2-operacii-na-srceto-koga-se-smiriv-dojde-mojata-dijagnoza-06.jpeg

Иако хемотерапиите и зрачењето завршија, процесот на лекување продолжува со месечни терапии, контроли и испитувања, за кои ми треба време.

Во тој поглед најмногу сум ѝ благодарна на мојата соборка и градоначалник Данела Арсовска, која е жена со големо срце и која верувам би помогнала на кој било, кога во прашање е здравјето.

Таа секогаш знае да ми даде некој совет од тоа што го поминала и некогаш знае и да ми каже „само ти биди добро бидејќи знам колку е важно здравјето, затоа што здрав човек е среќен човек“.

aneta-apostoloska-za-borbata-so-rak-na-dojka-mazh-mi-imashe-2-operacii-na-srceto-koga-se-smiriv-dojde-mojata-dijagnoza-05.jpeg

Како реагираа пријателите кога им ја кажа дијагнозата? Како ѝ пристапија на ситуацијата?

На ова прашање имам долг одговор, но ќе скратам. Менталитетот во нашава држава е на незавидно ниво, сите кога нешто ќе се случи викаат „Молчи, не кажувај, не мора секој да знае, овој вака ќе каже, овој така ќе каже“.

А јас само би го поставила прашањето „Ако луѓето не знаат за мојата болест, дали јас веднаш ќе оздравам? Зар истите тие би ми направиле нешто лошо, ако ја знаат мојата состојба? Дијагнозата е добиена, јас боледувам од рак и никој не може да влијае на моето тело и мојот мозок“.

Ако ми верувате бев спремна да одам со бричена глава и на прошетка и во продавница и на онкологија.

Зар кога ќе ја ставам периката јас изгледам секојдневно нормално или турбанот или капата што и да е?

aneta-apostoloska-za-borbata-so-rak-na-dojka-mazh-mi-imashe-2-operacii-na-srceto-koga-se-smiriv-dojde-mojata-dijagnoza-22_copy.jpeg

Само што излегов од болница, после операцијата, јас веднаш ѝ пишав на мојата поранешна колешка Марина, потоа дознаа и останатите поранешни колеги, кои подоцна ми приредија и изненадување и дојдоа да ме видаат.

Не криев од никого за мојата болест, дури прикачував и фотографии на социјалните мрежи. Не сакав никој да ме сожалува, само си велев „Ова е едно искушение кое Господ ми го даде за да ме зајакне“.

Имаше луѓе кои после првата објавена слика со турбанот, веднаш ми се јавија, ми пишаа, беа загрижени, но имаше и луѓе кои посакував да ги слушнам, да ги видам, но нив ги немаше.

Тогаш ја научив големата животна лекција „Колку поголеми очекувања, толку поголеми разочарувања“. Уште една црвена линија на бришење на контакти.

aneta-apostoloska-za-borbata-so-rak-na-dojka-mazh-mi-imashe-2-operacii-na-srceto-koga-se-smiriv-dojde-mojata-dijagnoza-26.jpeg

Сте имале ли случај на рак во семејството претходно?

Досега во мојата фамилија немало случај на рак на дојка, но имав чичко кој прилично млад почина од рак на бели дробови.

aneta-apostoloska-za-borbata-so-rak-na-dojka-mazh-mi-imashe-2-operacii-na-srceto-koga-se-smiriv-dojde-mojata-dijagnoza-08.jpeg

Продолжува на следната страница...


Би можело да ве интересира:

Д-р Иво Паункоски: „Опериравме срце на 2-месечно бебе, првпат користевме 3Д модел да се подготвиме з... „Бебето е првиот пациент со комплексна вродена срцева мана во Македонија, з...
Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...
Милица Павловиќ за CRNOBELO: „Немам емотивен партнер, можеби Македонец ми е судбина“ „Да не беа моите баба и дедо, немаше да сум толку решителна. Нивните крилја ми б...
Ивана од Прилеп го победи ракот: „Ќерка ми (5) ми ја скрати косата кога почна да ми паѓа од хемотера... „Кога ми кажаа дека ракот е минато и тоа како се изнаплакав! Цела една година во...
Миро Кацаров за родниот град: „Старата чаршија во Штип ме научи на 'школо' кое нема цена“ „Роден сум во Штип и растен сум во бивша Југославија, каде сите маалски детски и...
Анжелика од Скопје за ракот на дојката: „Се изнаплакав кога ми кажаа, а потоа ги извадив двете гради... „Сама бев појдена на контрола и, искрено, не се сеќавам како стигнав до дома. Се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg