Весна од Валандово е неурофидбек терапевт: „Помага кај депресија, АДХД, аутизам – потребни се 20 терапии за да има резултат“

„Кога третирам епилептични напади главна цел ми е интензитетот и зачестеноста на истите да се намалат, кога АДХД е во прашање, успех сум постигнала кога сум ја намалила хиперактивноста кај детето, а во однос на аутизмот, е малку подискутабилно, генерално ми треба посвесно, побудно дете и емоционално избалансирано“ – вели во интервју за CRNOBELO.com Весна Илова Ташева, неурофидбек терапевт.

vesna-od-valandovo-e-neurofidbek-terapevt-pomaga-kaj-depresija-adhd-autizam-potrebni-se-20-terapii-za-da-ima-rezultat-01_copy.jpg

Весна Илова Ташева e специјален едукатор и рехабилитатор, која е вработена во Дневниот центар за деца со попреченост во Валандово, а истовремено е и единствениот неурофидбек терапевт во југоисточниот регион на нашата земја.

Нејзиниот работен ден е целосно посветен на пациентите и на децата на кои им треба постојана грижа и нега, па так, по завршувањето на работниот ден во Денвниот центар, Весна работи во нејзината ординација за неурофидбек терапија во Валандово, а од 2023-та година таа основала уште една ординација во Штип.

vesna-od-valandovo-e-neurofidbek-terapevt-pomaga-kaj-depresija-adhd-autizam-potrebni-se-20-terapii-za-da-ima-rezultat-02_copy_copy.jpg

Со години наназад, неурофидбек терапијата се смета за терапија заснована на докази, која не користи лекови и на неинванзивен начин може да помогне во лекувањето на голем број болести и регулирање на симптомите на повеќе состојби.

Епилепсија, аутизам, анксиозност, депресија, отсуство на говор и потешкотии со говорот, АДХД… Ова се само некои од случаите со кои Весна секојдневно се среќава, а како што вели, во голем број случаи имала успех и подобрување на состојбите.

Во подолго интервју таа се обиде да ни појасни што точно претставува неурофидбек терапијата, како во основа изгледа еден третман и кај кои состојби има најголеми подобрувања.

Во продолжение следува целото интервју со Весна:

Појаснете ни најпрво што е неурофидбек терапија и од каде интересот за неа?

Оние кои добро ме познаваат знаат дека секогаш сум во потрага по нов предизвик.

Кога нешто почнувам да работам, во истото се вложувам со 300 отсто. Кога ќе дојдам до моментот да го достигнам врвот и да заклучам дека моите можности за раст и напредок на некој начин се при крај, се впуштам во нешто ново.

Новото секогаш мора да е посебно, интересно!

Покрај редовната работа и паралелно најразличните други ангажмани, имав потреба од нешто ново што ќе ме исполнува.

Неурофидбекот беше полн погодок. Мозоците отсекогаш ми биле фасцинантни за проучување, а особено ми беа интересни состојбите кои можат да се третираат со овој вид на терапија.

Неурофидбекот е безболен терапевтски метод за следење на електричната активност на мозокот (ЕЕГ) и давање повратна информација за тоа.

Користи електроенцефалограм (ЕЕГ) за да ја снима електричната активност на мозокот.

Оваа активност е опишана со помош на брановите од мозокот и секој мозочен бран е поврзан со одредена ментална состојба.

Електродите се користат исклучиво за откривање на брановите од мозокот и не можат да предизвикаат повреда или да го снабдуваат мозокот со електрична енергија.

За време на третманот за неурофидбек, компјутерот ги обработува брановите и другите информации што се дел од овој процес, за да му дадат на лицето повратни информации за функцијата на неговиот сопствен мозок.

Со континуиран третман, посакуваните мозочни бранови почнуваат да се произведуваат, а несаканите се потиснуваат.

Со неурофидбек, клиентот учи да ја зајакнува мозочната активност на ист начин како кога учи која било друга вештина – преку повратни информации и повторувања.

Постапката е всушност многу едноставна, клиентот ја следи содржината на мониторот, а мозокот се обучува за тоа време!

vesna-od-valandovo-e-neurofidbek-terapevt-pomaga-kaj-depresija-adhd-autizam-potrebni-se-20-terapii-za-da-ima-rezultat-07_copy.jpg

Какво образование и какви сертификати се потребни за да се занимавате со ваков тип терапија?

За да се биде неурофидбек терапевт потребно е да сте медицинско лице, психолог, психијатар или дефектолог.

Треба дополнителна обука во некоја од државите која ги нуди истите – Германија, Швајцарија, Хрватска и истата успешно да ја завршите.

vesna-od-valandovo-e-neurofidbek-terapevt-pomaga-kaj-depresija-adhd-autizam-potrebni-se-20-terapii-za-da-ima-rezultat-04_copy.jpg

Со какви проблеми најчесто доаѓаат пациентите кај вас? Кои се најчестите состојби за кои нудите третмани?

Неурофидбек терапијата по методот на Отмер помага за подобрување на следниве состојби: анксиозност, депресија, епилепсија, несоница, зуење во ушите, панични напади, тикови, пелтечење, аутизам, отсуство на говор и потешкотии со говорот, АДХД, ноќно мокрење, мигрена, опесисвно компулсивно растројство, проблеми со спиење, зголемување на ефикасноста кај спортисти.

Со оглед на тоа дека побарувачката за користење на овој вид на третмани е доста голема, во различни периоди, различни состојби доминираат.

Би издвоила неколку од горенаведените – анксиозност, панични напади, мигрена, епилепсија, доцнење со говор и доцнење во развој.

vesna-od-valandovo-e-neurofidbek-terapevt-pomaga-kaj-depresija-adhd-autizam-potrebni-se-20-terapii-za-da-ima-rezultat-10_copy.jpg

Појаснете ни како изгледаат приближно третманите кај вас и колку третмани се неопходни за да се видат првите резултати?

Прво се прави преглед – процена на моменталната состојба на функционирање на мозокот, па врз основа на добиените резултати се креира протокол за работа и се работи по истиот.

Како што кажавме, самата метода работи на база на ЕЕГ, а тоа значи дека електроди се ставаат на скалпот од главата на пациентот и му се пушта да гледа одредено видео на екранот во зависност од неговите интереси.

Клучно е тоа како реагира пациентот додека го гледа видеото коешто тече на екранот.

Кај мене излегува моменталната состојба на функционирање на мозокот, се детектираат сите мозочни бранови кои не се исправни, не се во ред.

Потоа, истите тие бранови се прават во исправна форма (софтверски момент) и под дејство на дадена фреквенција, којашто е индивидуална за секој пациент, се враќаат пак назад во главата на пациентот.

Се работи во сесии. Во една сесија се задолжителни 20 третмани, два до трипати во неделата, а еден третман трае 30 минути.

Во однос на првите резултати и ефекти, кај секој е различно. Кај некој ефектите се брзо видливи, кај некој треба време, а кај некој не се ни доволни 20 третмани за да се стигне до посакуваната цел.

Сè зависи од тоа како мозокот ќе ја прифати терапијата.

Едно е сигурно, а тоа е дека нема пациент без позитивни ефекти. Треба само време, упорност, истрајност и издржливост.

vesna-od-valandovo-e-neurofidbek-terapevt-pomaga-kaj-depresija-adhd-autizam-potrebni-se-20-terapii-za-da-ima-rezultat-06_copy.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Љубица Димовска, дефектолог: „Родителите тешко прифаќаат дека се виновни за екранизмот на децата“ „Она што им паѓа најтешко на родителите е дека мора да го исклучат екранот, а со...
Благица Зикова, мајката на штипската четворка: „Трошиме по 25 пелени на ден, бебињата се мирни и спи... „Најтешко ми беше кога бев сама и немаше кој да ми помогне, па морав да ги храна...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Игор Пехчевски за борбата со цистична фиброза: „Благодарение на лекот Трикафта, првпат во животот не... „За првпат откако знам за себе, јас не кашлам и не се задушувам во густ леплив с...
Бразилецот Клаудио за посетата во Македонија: „Македонките се преубави, таксистите наплаќаат трипати... „Локалците, кои јас ги запознав, се навистина заинтересирани за странци, посебно...
„Децата од нашата градинка секој ден се надвор, пешачат, играат и на дожд и во кал“: Интервју со Јас... „Во нашата градинка, децата секојдневно поминуваат 3 до 5 часа надвор. Ние верув...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg