Весна од Валандово е неурофидбек терапевт: „Помага кај депресија, АДХД, аутизам – потребни се 20 терапии за да има резултат“

Какви резултати може да се забележат кај пациентите со аутизам, АДХД, епилепсија?

Кога третирам епилептични напади главна цел ми е интензитетот и зачестеноста на истите да се намалат, ако пример, во прашање биле големи епилептични напади, проследени со колапс, пена од устата, тресење на телото и сл. истите сме ги довеле до степен да – само благо го затресат пациентот и тој да продолжи непречено да функционира.

Кога АДХД е во прашање, успех сум постигнала кога сум ја намалила хиперактивноста кај детето, а сум го подобрила фокусот, па сега детето е во можност да седи подолго време во едно место и да има подолготрајно насочено внимание на една активност.

А во однос на аутизмот, овој момент е подискутабилен. Генерално ми треба посвесно, побудно дете, емоционално избалансирано, намалени стереотипи (доколку истите ги има) поадаптибилно на нови нешта, подобрување на говор, јазик и невербалната комуникација.

vesna-od-valandovo-e-neurofidbek-terapevt-pomaga-kaj-depresija-adhd-autizam-potrebni-se-20-terapii-za-da-ima-rezultat-08_copy.jpg

Имаат ли луѓето предрасуди кај нас за неурофидбек терапијата? Како се справувате со ваквите предрасуди, успевате ли лесно да ги разубедите пациентите?

Не беше лесно на почетокот, особено наидував на отпор од страна на стручни лица, колеги, лекари.

Но, кога истите, по направени контролни ЕЕГ прегледи, општи прегледи на целокупниот развој и следење на состојбата, забележале дека има значителен напредок во развојот на детето, а за сето тоа во основа е заслужен неурофидбекот, сега и ме препорачуваат.

На пациентите секогаш се трудам да им објаснам на наједноставен начин за да може да си создадат слика за каква терапија станува збор.

Некои од нив се скептични или со резерва гледаат на третирањето… Искуствено гледано, кај тие пациенти и најбрзо се јавувале ефектите.

Кога ќе пристапат кон употреба на третманите и ќе почнат да ги забележуваат промените кај себе или кај своите деца се уверуваат во моќта на самата метода.

vesna-od-valandovo-e-neurofidbek-terapevt-pomaga-kaj-depresija-adhd-autizam-potrebni-se-20-terapii-za-da-ima-rezultat-11_copy.jpg

Кои ви се најтешките случаи со коишто досега сте имале можност да работите и какви резултати сте постигнале?

Некогаш врз основа на добиените резултати од проценката на моменталната состојба на функционирање на мозокот сум била оптимистички настроена, мислејќи дека со 20 третмани ќе стигнам до посакуваната цел, но сум се борела со многу третмани после тие дваесет додека да се јават очекуваните ефекти.

Сум имала и обратни случаи, гледајќи колку состојбата, мозочните бранови и сите други параметри се во дисбаланс и хаос, но сум стигнувала неверојатно брзо до целта.

Сè зависи од мозокот на пациентот, како што кажавме, кој е единствен и неповторлив… Тежината на случајот генерално зависи од тоа каков фидбек ќе даде тој на самата терапијата.

vesna-od-valandovo-e-neurofidbek-terapevt-pomaga-kaj-depresija-adhd-autizam-potrebni-se-20-terapii-za-da-ima-rezultat-09_copy.jpg

Во кои случаи неурофидбек терапијата не дава резултат?

Неурофидбекот не дава резултат ако не се креира соодветен протокол за работа и ако не се реализираат доволен број на третмани.

Конкретно за второто, ќе има ефекти, но нема да бидат задоволувачки.

Колку често тешките случаи со коишто работите влијаат и на вас како личност? Како успевате да го одржите балансот во сопствениот живот, имајќи предвид дека работите со различни нарушувања и секојдневно слушате најразлични приказни?

Во мојата природа стои емпатијата и сочувствителноста.

Способноста за препознавање, разбирање и споделување на мислите и чувствата на друга личност придонесува за воспоставување квалитетни релации покрај професионалното однесување, но години наназад сум работела на себе да владеам со моментот на ставање на јасна граница во поглед на тоа енергијата од работата да не ја носам дома и да не влијае на моето однесување и расположение надвор од ординацијата.

vesna-od-valandovo-e-neurofidbek-terapevt-pomaga-kaj-depresija-adhd-autizam-potrebni-se-20-terapii-za-da-ima-rezultat-03_copy.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Љубица Димовска, дефектолог: „Родителите тешко прифаќаат дека се виновни за екранизмот на децата“ „Она што им паѓа најтешко на родителите е дека мора да го исклучат екранот, а со...
Благица Зикова, мајката на штипската четворка: „Трошиме по 25 пелени на ден, бебињата се мирни и спи... „Најтешко ми беше кога бев сама и немаше кој да ми помогне, па морав да ги храна...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Игор Пехчевски за борбата со цистична фиброза: „Благодарение на лекот Трикафта, првпат во животот не... „За првпат откако знам за себе, јас не кашлам и не се задушувам во густ леплив с...
Кирјакула од Тетово е мајка на предвреме родено бебе: „Едно од близнаците не преживеа, цели 65 дена ... „Кога се разбудив по царскиот рез, ми кажаа дека имам две мали синчиња чиј живот...
Бразилецот Клаудио за посетата во Македонија: „Македонките се преубави, таксистите наплаќаат трипати... „Локалците, кои јас ги запознав, се навистина заинтересирани за странци, посебно...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg