„Епилепсијата со редовна терапија може да се излечи“: Интервју со д-р Марија Милановска, доктор на науки од областа на епилептологија

„Во најголем број од случаите (70%) причините за појава на епилепсија се познати. Тоа се тумори, мозочни удари и крвавења, трауми на главата, различни развојни нарушувања на мозокот, системски и метаболни нарушувања на организмот“ – вели во интервју за CRNOBELO.com д-р Марија Милановска, специјалист по неврологија, доктор на науки од областа на епилептологија.

epilepsijata-so-redovna-terapija-mozhe-da-bide-izlekuvana-intervju-so-d-r-marija-milanovska-doktor-na-nauki-od-oblasta-na-epileptologija-01.jpg

Повеќе за епилепсијата и епилептичните напади, нивна дијагноза и третман, прочитајте во разговорот со д-р Милановска.

Докторке, зошто се одлучивте токму за неврологија?

Уште како студент по медицина бев фасцинирана од неврологијата и мистериите на централниот нервен систем, односно на мозокот, како главен предмет на нејзино проучување.

Таа моја фасцинираност и љубопитност беа пресудни да ја одберам неврологијата како мој животен повик и најголемиот дел од професионалниот ангажман да го посветам во изучувањето на тајните кои ги крие оваа наука, а стекнатото знаење и искуство да ги применам во секојдневното работење со пациентите подобрувајќи го квалитетот на нивниот живот.

Покрај епилепсија, кои други болести ги третирате?

Неврологијата е комплексна медицинска дисциплина, а епилепсиите се само дел од состојбите кои припаѓаат на оваа медицинска гранка.

Така, многу често во амбуланта, освен пациенти со епилепсија, може да сретнат и пациенти со главоболки, мигрена, Паркинсонова и Алцхајмерова болест, мозочни удари, вртоглавици, состојби кои го зафаќаат периферниот нервен систем итн.

Со еден збор, неврологијата е многу повеќе од епилепсија или мозочен удар, имајќи го предвид фактот дека мозокот, како главен диригент во човековиот организам, може да биде индиректно зафатен од процеси и состојби кои примарно се случуваат на други органи.

epilepsijata-so-redovna-terapija-mozhe-da-bide-izlekuvana-intervju-so-d-r-marija-milanovska-doktor-na-nauki-od-oblasta-na-epileptologija-02.jpg

Што претставува болеста епилепсија и како се дијагностицира?

Епилепсијата е мозочно растројство кое се одликува со појава на повторливи, непровоцирани епилептични напади кои се последица на привремено абнормално електрично празнење во мозокот.

Дијагнозата се поставува врз основа на клиничката слика т.е. типот на епилептичниот напад, електроенцефалографскиот наод (ЕЕГ) и магнетната резонанца (МР) на мозокот.

Најчесто на која возраст кај пациентите се поставува дијагноза? Дали процесот на официјално дијагностицирање е долг?

Епилепсијата не бира возраст, пол, етничка припадност ниту социјален статус. Може да се појави во кое било доба од животот, но најчесто се јавува во раната детска возраст и во поодминатите години од животот.

Процесот на дијагностицирање е најчесто брз и едноставен, заради типичноста на клиничката слика на нападите, освен во исклучителни случаи кога нападите се суптилни и не толку очигледни и кога може да бидат заменети со некои други медицински состојби.

epilepsijata-so-redovna-terapija-mozhe-da-bide-izlekuvana-intervju-so-d-r-marija-milanovska-doktor-na-nauki-od-oblasta-na-epileptologija-03.jpg

Што поттикнува епилептичен напад, колку тој е различен во различни околности?

Иницијално е потребно да се направи разлика помеѓу термините епилепсија и епилептичен напад.

Не сите пациенти што ќе добијат епилептичен напад ќе развијат болест епилепсија, нападот може да биде изолиран настан и да се јави само еднаш и никогаш да не се повтори.

Од друга страна, нема дијагноза на епилепсија, без епилептичен напад, критериумите се јасни: Потребно е да има најмалку два непровоцирани епилептични напади, кои се јавуваат во период не пократок од 24 часа, за да се постави дијагноза на епилепсија.

Во најголем број од случаите (70%) причините за појава на епилепсија се познати. Тоа се тумори, мозочни удари и крвавења, трауми на главата, различни развојни нарушувања на мозокот, системски и метаболни нарушувања на организмот итн.

Во помал процент (30%), причините за појава на епилепсија се непознати, кога станува збор за идиопатски епилепсии. Наследниот фактор има голема улога во појавата на епилепсија. Индивидуи чиишто членови на најблиското семејство боледуваат од епилепсија, имаат поголем ризик за развој на истата, во однос на општата популација.

Ризик фактори за појава на епилептичен напад се лишување од сон, изложување на интензивни, треперечки светла, психо-физички стрес, злоупотреба на алкохол и наркотици, нередовно земање на антиепилептичната терапија.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Игор Пехчевски за борбата со цистична фиброза: „Благодарение на лекот Трикафта, првпат во животот не... „За првпат откако знам за себе, јас не кашлам и не се задушувам во густ леплив с...
Бојан Ковски за изложбата во која нацрта 16 голи тела: „Однапред ги спремам моделите за да нема неоч... „Времето потребно за сликање едно тело зависи од комплексноста на дизајнот. Обич...
Д-р Мери Берат, онколог: „Сонцето е една од причините за појава рак на кожа, најголем ризик има кај ... „Хронична изложеност на сонце е директно поврзана со појавата на одреден тип рак...
Сања од Битола за животот со мултипла склероза: „Првиот напад го добив на 29 години, кога изгубив ви... „Докторите нагаѓаа дека е тумор, дури по 4 години докторот со жалење ми соопшти ...
Д-р Дева Петрова, онколог: „Најмладата пациентка со рак на дојка ми била 18-годишна, не сите се леча... „Најтешкиот дел ми е кога морам да соопштам дека за жал и покрај сите напори, бо...
Вирџинија од Скопје е девојка со уникатен моден стил – шарени стајлинзи, сина коса и нокти во сите б... „Косата ми е сина веќе 7 години и е ‘морето во мене’. Облекувањето за мене е заб...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg