Коста Петров: „Кога се сакаш себеси, кога ќе научиш да си простиш себеси, кога ги прифаќаш сите свои верзии - тогаш почнуваш вистински да живееш“

„Детето во мене никогаш не беше проблемот. Проблемот беше товарот што детето го носело со себе. Товар кој низ годините стануваше сè потежок. Всушност кога започнав да ја пишувам книгата, идејата ми беше конечно да го оставам детето на страна и да продолжам да чекорам сам, но пишувајќи сфатив дека детето никогаш не бил проблемот, туку товарот“, раскажува Коста Петров за CRNOBELO.com.

kosta petrov koga se sakash sebesi koga ke naucish da si prostish sebesi koga gi prifakas site svoi verzii togash pocnuvash vistinski da ziveesh 10

На многумина Коста Петров им е познат како претприемач докажан во светски рамки, но и како мотивациски говорник и автор на пет книги кои во Македонија се имаат продадено во над 50.000 примероци.

Неодамна, Коста ја промовираше шестата книга „Сè што би сакал да знаев порано“, но и својата прва сликовница за деца „ЈАС и ТИ: Како ЈАС стана суперхерој“.

Во продолжение следува разговор со Коста кој за CRNOBELO открива колку е важно човекот да се поврзе со детето во себе, да се ослободи од товарот на минатото и да се живее во сегашниот миг:

Коста неодамна ја промовираше твојата шеста книга „Сè што би сакал да знаев порано“, но и првпат издаде детска сликовница „ЈАС и ТИ: Како ЈАС стана суперхерој“ во издание на „Издавачки центар ТРИ“. Какво е чувството кога напишаното и приказната ја ослободуваш од себе и им ја препушташ на читателите? Се чувствуваш ли полесно?

Ослободувањето се случува за време на пишувањето. Целиот процес на пишување на оваа книга особено, беше еден разговор сам со себе за сите мои верувања, за сите научени лекции, за сите трауми, но и убави работи што ми се случиле.

Пишувањето на оваа книга беше и одврзување од одредени ситуации во минатото, ставање на точка, односно затворање на кругот. Предолго живеев во минатото. Со ставањето на последната точка во книгата, всушност и во глава си ставив точка на тој Коста што живееше со една нога во минатото, а со другата свртен кон иднината, но никогаш фокусиран на сегашноста.

Одлучив дека треба да уживам во овој момент сега и конечно да прифатам дека среќата е навистина во малите нешта. Како автор, моментот кога ја ставам последната точка прифаќам и дека оваа книга веќе не е моја. Сега им припаѓа на читателите.

kosta petrov koga se sakash sebesi koga ke naucish da si prostish sebesi koga gi prifakas site svoi verzii togash pocnuvash vistinski da ziveesh 6

Велиш дека најважните разговори во нашите животи се оние што ги водиме со детето во себе. Колку тие разговори ти имаат помогнато да се ослободиш од товарот на животот, од грешките, од некогаш донесените одлуки…?

Целиот концепт на детето во нас ми беше многу непознат, односно не верував премногу дека нешто што ни се случило во детството може да има ефект врз сето она што го правиме во животот.

Како некој што отсекогаш верувал дека сè во животот е наша одговорност, не сакав да прифатам дека некои моменти од минатото толку многу може да ја дефинираат мојата сегашност. Но, во одреден момент од животот, особено овие година и пол, често размислував зошто ги правам работите што ги правам, дали за себе, дали за другите, за кого?

И одговорот си дојде тогаш кога требаше да дојде, како и сè во нашите животи. Сфатив дека детето во мене, цел живот мечтае да биде прифатено, сакано од другите и сè што сум правел сум правел да им докажам на другите дека можам и повеќето од работите што сум ги правел, сум ги правел за другите, не за себе.

И во еден момент сфатив дека не можам веќе да продолжам да живеам така. Одлучив да бидам добар кон себе и да се фокусирам на себе и сфатив дека ако не можеш да бидеш добар кон себе, не можеш да бидеш добар кон никого.

kosta petrov koga se sakash sebesi koga ke naucish da si prostish sebesi koga gi prifakas site svoi verzii togash pocnuvash vistinski da ziveesh 1

Какви препреки ти приредуваше внатрешното дете за да те одвлече од она тука и сега?

Детето во мене никогаш не беше проблемот. Проблемот беше товарот што детето го носело со себе. Товар кој низ годините стануваше сè потежок.

Всушност, кога започнав да ја пишувам книгата, идејата ми беше конечно да го оставам детето на страна и да продолжам да чекорам сам, но пишувајќи сфатив дека детето никогаш не бил проблемот туку товарот.

Одлучив да го оставиме товарот на страна и да продолжиме заедно да чекориме низ сè што ќе ни приреди животот.

kosta petrov koga se sakash sebesi koga ke naucish da si prostish sebesi koga gi prifakas site svoi verzii togash pocnuvash vistinski da ziveesh 5

Сега кога почна да се ослободуваш од стегите на минатото на кој начин гледаш на животот? Што сè носи живот во сегашен миг?

Па, се учам секојдневно да живеам во сегашноста. Јас речиси цел живот сонував. Имав некакви цели и голем дел од тие цели ми се остварија, но кога се остварија сакав нешто ново, некоја поголема цел.

Секогаш мораше да биде нешто подобро, нешто поголемо. Среќен сум за сè што сум постигнал, но животот не e да го живееш од цел до цел. Животот треба да го живееш сега во овој момент.

Се радувам на иднината, благодарен сум на минатото, но најсреќен сум сега, за сегашниот миг.

kosta petrov koga se sakash sebesi koga ke naucish da si prostish sebesi koga gi prifakas site svoi verzii togash pocnuvash vistinski da ziveesh 4

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Барбара Поповиќ за CRNOBELО: „Имам италијански корени, ќе пеам на Сан Ремо“ „Од македонските музичари најблиска сум со Иван Јованов од Либеро бенд. Тој ми е...
Иван Босиљчиќ за CRNOBELO: „Јелена ме научи да бидам романтичен, порано не бев како ликовите што ги ... „На 6 години добив брат, а многу сакав сестра. Родителите ми велеа дека ќе имам ...
Маја од Скопје на 41 година го победи ракот на дојка: „Пациентите кријат дека примаат терапии, кај н... „Сакав и одлучив да живеам и мислам дека таа свесна намера беше пресудна да се п...
Јелена Карлеуша за CRNOBELO: „Еден ден ќе станам светска ѕвезда“ „Ника и Атина се скромни девојчиња, така ги воспитав. Пред Ника да почне да сним...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg