Коста Петров: „Кога се сакаш себеси, кога ќе научиш да си простиш себеси, кога ги прифаќаш сите свои верзии - тогаш почнуваш вистински да живееш“

Кои совети би му ги дал на детето во себе за подобро да го подготвиш за животот?

Сите совети се во книгата. Но книгата не е само за советите и научените лекции. Всушност книгата има една порака а тоа е, прегрни го детето и кажи му дека го сакаш. Љубовта е доволна.

Кога се сакаш себеси, кога ќе научиш да си простиш себеси, кога ги прифаќаш сите свои верзии, тек тогаш почнуваш вистински да живееш.

kosta petrov koga se sakash sebesi koga ke naucish da si prostish sebesi koga gi prifakas site svoi verzii togash pocnuvash vistinski da ziveesh 8

Зошто се одлучи да напишеш детска сликовница? Ќе продолжиш ли со пишување на книги за најмладите?

Отсекогаш сакав да напишам детска сликовница ама моите мисли биле прекомплицирани, па дури на момент и конфузни, но пишувањето на новата книга, некако ми ги расчисти мислите и конечно можев чисто и јасно да размислувам.

Се разбудив едно утро во 4 часот и ја напишав сликовницата за 20-тина минути. Ова е приказна за сите работи што јас би сакал некој да ми ги кажеше кога бев дете.

kosta-petrov-koga-se-sakash-sebesi-koga-kje-nauchish-da-si-prostish-sebesi-koga-gi-prifakjash-site-svoi-verzii-togash-pochnuvash-vistinski-da-zhiveesh-25.jpg

Кој ти беше најголемиот предизвик со пишување на детската сликовница додека му се обраќаше на суперхеројот кој живее во секого од нас?

Немав апсолутно никакви предизвици. За 20 минути го извадив сето она што сум го чувал во себе со години. Ова е приказна за ЈАС и ТИ. Приказна за самоприфаќање, приказна за самољубиe, но и самопочит.

Нас цел живот нè учат како да бидеме добри кон другите, како да ги сакаме другите. Никој не нè учи како да бидеме добри кон себе, како да се сакаме себеси.

Мојата желба е сите што ќе ја прочитаат сликовницата да сфатат дека суперхеројот живее во секој од нас, еднинствено што треба да направиме е да го слушнеме неговиот глас.

kosta petrov koga se sakash sebesi koga ke naucish da si prostish sebesi koga gi prifakas site svoi verzii togash pocnuvash vistinski da ziveesh 2

Како за крај, која е најважната лекција што животот ти ја дал да ја научиш?

Најважната лекција е во 40-то поглавје од книгата.

kosta petrov koga se sakash sebesi koga ke naucish da si prostish sebesi koga gi prifakas site svoi verzii togash pocnuvash vistinski da ziveesh 3

© CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: Е. Х. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Барбара Поповиќ за CRNOBELО: „Имам италијански корени, ќе пеам на Сан Ремо“ „Од македонските музичари најблиска сум со Иван Јованов од Либеро бенд. Тој ми е...
Иван Босиљчиќ за CRNOBELO: „Јелена ме научи да бидам романтичен, порано не бев како ликовите што ги ... „На 6 години добив брат, а многу сакав сестра. Родителите ми велеа дека ќе имам ...
Маја од Скопје на 41 година го победи ракот на дојка: „Пациентите кријат дека примаат терапии, кај н... „Сакав и одлучив да живеам и мислам дека таа свесна намера беше пресудна да се п...
Јелена Карлеуша за CRNOBELO: „Еден ден ќе станам светска ѕвезда“ „Ника и Атина се скромни девојчиња, така ги воспитав. Пред Ника да почне да сним...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg