Златица Андоновска: „Го прославив 40-тиот роденден во Аликанте, а ме воодушеви и Бенидорм со облакодерите“

„Летавме од Софија за Аликанте, бидејќи, за жал, од Скопје нема летови за Шпанија. Бенидорм е многу поскап град за живеење, познат по ноќниот живот и лудите забави, како и по премногу туристи. За Шпанците важи за едно од полуксузните места на Медитеранот и го споредуваат со Монте Карло“, раскажува Златица Андоновска (40) од Скопје за CRNOBELO.com.

zlatica-andonovska-go-proslaviv-40-tiot-rodenden-vo-alikante-a-me-voodushevi-i-benidorm-so-oblakoderite-01.jpg

Златица Андоновска, дипломиран психолог од Скопје, својот 40-ти роденден го прослави со патување во Шпанија.

Патувањата и авантурите се составен дел од секојдневието на нејзиното семејство, па без разлика дали станува збор за авантури со кајак низ Македонија или за некои подалечни дестинации, тие постојано се во движење.

Овојпат таа ги посети градовите Аликанте, Картагена и Торевиеха.

Златица за CRNOBELO.com ги пренесува искуствата оттаму:

Што ве одведе токму во областа на градот Аликанте и како стигнавте дотаму?

Желбата за истражување нè однесе во Јужна Шпанија на Медитеранот, во делови кои не се доволно познати за нас Македонците.

Летавме од Софија за Аликанте, бидејќи, за жал, од Скопје нема летови за Шпанија.

zlatica-andonovska-go-proslaviv-40-tiot-rodenden-vo-alikante-a-me-voodushevi-i-benidorm-so-oblakoderite-20.jpg

Имаме пријатели таму кои живеат во местото Орхуела, дел од областа Аликанте и кои откако се преселија таму, прашањето не беше дали, туку кога ќе ги посетиме.

За време на престојот ги посетивме Аликанте, Картагена, Торевиеха…

zlatica-andonovska-go-proslaviv-40-tiot-rodenden-vo-alikante-a-me-voodushevi-i-benidorm-so-oblakoderite-07.jpg

Зошто Аликанте е уникатно место?

Аликанте е убав приморски град од 350.000 жители со голема градска плажа, одлично организиран град со трамвајски и автобуски превоз, преубава пешачка зона покрај широката песочната плажа, идеална за прошетки покрај морето.

Над градот се надвиснува тврдина од која има преубав поглед.

Старите камени куќи се преполни со разни продавници за сувенири, ресторани и кафулиња.

Иако бевме во јануари, најстудениот период од годината, беше пријатно за прошетка, имаше голема раздвиженост и многу туристи. Бев изненадена од фактот дека животниот век е околу 90 години за разлика од 75 кај нас.

zlatica-andonovska-go-proslaviv-40-tiot-rodenden-vo-alikante-a-me-voodushevi-i-benidorm-so-oblakoderite-06.jpg

Каков впечаток ти оставија другите градови?

Торевиеха е помал град блиску до местото каде што бевме сместени каде што живееја претежно Шпанци.

Покрај морето има многу ресторани и кафулиња, каде што цената на кафето е како во Скопје, па и поевтино, а погледот кон морето е неверојатен.

zlatica-andonovska-go-proslaviv-40-tiot-rodenden-vo-alikante-a-me-voodushevi-i-benidorm-so-oblakoderite-29.jpg

Како ја доживеа Шпанија среде зима?

Ние, за жал, го фативме поладниот бран со утринска температура од 3 степени до максимални 18 преку ден, со многу сонце.

Само една седмица претходно температурите се движеле околу 25 степени со дневни забави во баровите на плажа.

zlatica-andonovska-go-proslaviv-40-tiot-rodenden-vo-alikante-a-me-voodushevi-i-benidorm-so-oblakoderite-03.jpg

Што ти се допадна најмногу во животното темпо на локалците?

Опуштеноста, без стрес во секојдневието, оптимизирање на обврските.

Едноставноста им е главна особина, дека има и утре ден за да се заврши некоја работа.

zlatica-andonovska-go-proslaviv-40-tiot-rodenden-vo-alikante-a-me-voodushevi-i-benidorm-so-oblakoderite-13.jpg

Аликанте важи за атрактивна летна туристичка дестинација, долови ни ја атмосферата…

Целото крајбрежје околу Аликанте накај Картагена е многу изградено и уште се гради.

Топлата клима и благите зими максимално се користат за одмор.

Освен Шпанците, има и многу Британци, Скандинавци, како и Руси, кои купуваат апартмани за сопствено уживање или за изнајмување на туристи. Најмногу се комплекси од 3-4 згради со 10 апартмани кои имаат заеднички базен и се слободни за користење на жителите.

zlatica-andonovska-go-proslaviv-40-tiot-rodenden-vo-alikante-a-me-voodushevi-i-benidorm-so-oblakoderite-30.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Маја Андоновска, инспиративна битолчанка со урбан стил која ја негува и традицијата „Се трудам секогаш да го одржувам она што мајката природа ми го подарила физички...
Марија од Охрид изработува декорации со полимерна глина: „Најчесто добивам нарачки за детски роденде... „Првото нешто што го направив беше бележник за книги, па потоа продолжив со деко...
Актерката Маја Андоновска носи накит од баба ѝ: „Таа го наследила од мајка ѝ, го чуваше како најголе... „На главата носев парички нанижани на две ланчиња, прстен со 4 сребрени пар...
Проф. д-р Сефиданис од Охрид: „Го направивме првиот хуманоиден робот кај нас - проектот чини над 100... „Првиот робот хуманоид во Македонија и регионот е целосно произведен во Сефидани...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg