Од Матка до Охридското Езеро – семејство со кајак ја истражува Македонија

„Обожаваме да кајакариме со моето семејство... На Охридското Езеро незаборавни беа посетата на Заливот на коските, црквата Свети Заум, Канео, а пак Беровското Езеро беше предизвик, зошто беше тешко пристапно и треба да се помачиш да најдеш место од каде што можеш да го спуштиш кајакот во вода“, раскажува Здравко Андоновски од Скопје.

od-matka-do-ohridskoto-ezero-semejstvo-so-kajak-ja-istrazhuva-makedonija-01.jpg

Здравко Андоновски (40) е дипломиран социолог од Скопје кој работи како координатор за транспорт и логистика, но е огромен вљубеник во природата и секој слободен миг го користи за авантури и истражувања.

Периодов, заедно со неговата сопруга и ќеркичката, обожава да ги истражува убавините на Македонија со кајак.

За неговото ново хоби и за тоа како се вљубил во кајакот Здравко Андоновски раскажува за CRNOBELO.com:

„Како човек со авантуристички дух отсекогаш сум пробувал разни спортови, планинарење, планински велосипедизам, трчање, рафтинг меѓу кои посебен впечаток ми остави кајакарството.

od-matka-do-ohridskoto-ezero-semejstvo-so-kajak-ja-istrazhuva-makedonija-10.jpg

Желбата за пловење отсекогаш постоела, па така уште пред десетина години на активен одмор со велосипед по хрватските острови за првпат видов дека постојат кајаци на надувување кои не зафаќаат простор, лесно се преносливи, брзо се подготвуваат за пуштање во вода и имаат релативно пристапна цена.

od-matka-do-ohridskoto-ezero-semejstvo-so-kajak-ja-istrazhuva-makedonija-02.jpg

По повеќе години истражување и многу изгледани видеа дојде моментот да се реализира набавката на кајак на надувување со сите пропратни елементи (елеци, пумпа, весла).

od-matka-do-ohridskoto-ezero-semejstvo-so-kajak-ja-istrazhuva-makedonija-13.jpg

Сопругата и ќерката одлично го прифатија кајакот и имаат голема желба да кајакарат. Го имам испробано и со пријатели и задоволството е големо и кај нив.

od-matka-do-ohridskoto-ezero-semejstvo-so-kajak-ja-istrazhuva-makedonija-12.jpg

od-matka-do-ohridskoto-ezero-semejstvo-so-kajak-ja-istrazhuva-makedonija-09.jpg

Оттогаш секој одмор или слободно време размислувам да биде покрај вода каде што ќе може да се плови со кајакот.

od-matka-do-ohridskoto-ezero-semejstvo-so-kajak-ja-istrazhuva-makedonija-04.jpg

Досега имам кајакарено на Охридско Езеро, Беровското Езеро – кајакарење со кампување, Мавровско Езеро, Велешко Езеро, како и кајакарење по езерото Матка со посета на пештерата Врело.

od-matka-do-ohridskoto-ezero-semejstvo-so-kajak-ja-istrazhuva-makedonija-07.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Нина (25) од Скопје за животот во Унгарија: „Дојдов сама на 18 години, но би се вратила да живеам во... „На прашањето „Дали би се вратила ли да живеам во Македонија некогаш? искрено ќе...
Милош Боев: „Работам во Нигерија како инженер - полиција со оружје ме чува 24/7, едвај се навикнав“ „И одењето во ноќен клуб е со режим за безбедност. Ми приоѓаа луѓе кои сакаат за...
Стефан Савевски за патувањето во Јордан: „Ја посетив Петра 4 пати, за Македонците треба виза, а лока... „Невозможно е да пропаднеш во водата на Мртвото Море дури и да вложиш напор, сам...
Моделот Павле Николовски го посети Исланд: „Ручек во ресторан не е под 150 евра, најевтин бургер е 2... „Исланд е третата најскапа земја во светот, а цените се скоро 10 пати повисоки о...
Бранко Илиески за патувањето во Перу: „100 пати да се вратам на Мачу Пикчу, нема да ми биде здодевно... „Во Перу јадат и морски прасиња. Ги печат на жар, како во фурна. Секако дека про...
Анџело Павловски за патувањето во Јапонија: „Младите обожаваат караоке, дневна карта за метро во Ток... „Секој Јапонец, без разлика на тоа од каде сте и како изгледате, се однесува со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg