Златица Андоновска: „Го прославив 40-тиот роденден во Аликанте, а ме воодушеви и Бенидорм со облакодерите“

Поголеми згради и облакодери има во Бенидорм, недалеку од Аликанте, град за кој првпат слушнав.

Бенидорм е многу поскап град за живеење, познат по ноќниот живот и лудите забави, како и по премногу туристи.

За Шпанците важи за едно од полуксзузните места на Медитеранот и го споредуваат со Монте Карло.

Целото крајбрежје во лето е многу топло со влажна клима. Плажите се беспрекорно средени и организирани со посебен дел за сурфери и водени спортови.

zlatica-andonovska-go-proslaviv-40-tiot-rodenden-vo-alikante-a-me-voodushevi-i-benidorm-so-oblakoderite-26.jpg

Имаат ли интересни навики локалците?

Интересен им беше појадокот меѓу 10 и 14 часот, кој сите го практикуваат и буквално го има во секој ресторан или кафуле, потпечени лепињи како пресечен багет со намаз од домати.

zlatica-andonovska-go-proslaviv-40-tiot-rodenden-vo-alikante-a-me-voodushevi-i-benidorm-so-oblakoderite-25.jpg

Каков е јавниот превоз?

Јавниот превоз во Аликанте и околните места се одвива со автобуси, кои се ретки, не се добро поврзани и не секогаш точни.

Доколку не сакате да губите време и сте повеќе луѓе, подобра опција е рент-а-кар, која ќе ви овозможи да видите повеќе места и да застанете каде сакате.

zlatica-andonovska-go-proslaviv-40-tiot-rodenden-vo-alikante-a-me-voodushevi-i-benidorm-so-oblakoderite-05.jpg

Што те воодушеви најмногу во Картагена?

Во Картагена бев воодушевена од историјата, фактот дека градот постои повеќе од 2.000 години и бил важен приморски и трговски град што се гледа од многуте тврдини. Тука се наоѓаат и најголемите театри од римското царство.

zlatica-andonovska-go-proslaviv-40-tiot-rodenden-vo-alikante-a-me-voodushevi-i-benidorm-so-oblakoderite-18.jpg

Висок ли е стандардот на живот?

Стандардот на живот е просечен, но со оглед на тоа дека се генерално опуштени, живеат убав живот.

Цената на кафето се движеше од 100 до 200 денари. Пивото е околу 200 денари. Пицата е меѓу 350 и 500 денари.

zlatica-andonovska-go-proslaviv-40-tiot-rodenden-vo-alikante-a-me-voodushevi-i-benidorm-so-oblakoderite-16.jpg

zlatica-andonovska-go-proslaviv-40-tiot-rodenden-vo-alikante-a-me-voodushevi-i-benidorm-so-oblakoderite-38.jpg

zlatica-andonovska-go-proslaviv-40-tiot-rodenden-vo-alikante-a-me-voodushevi-i-benidorm-so-oblakoderite-32.jpg

Повеќе фотографии на следната страница...


Би можело да ве интересира:

Маја Андоновска, инспиративна битолчанка со урбан стил која ја негува и традицијата „Се трудам секогаш да го одржувам она што мајката природа ми го подарила физички...
Марија од Охрид изработува декорации со полимерна глина: „Најчесто добивам нарачки за детски роденде... „Првото нешто што го направив беше бележник за книги, па потоа продолжив со деко...
Актерката Маја Андоновска носи накит од баба ѝ: „Таа го наследила од мајка ѝ, го чуваше како најголе... „На главата носев парички нанижани на две ланчиња, прстен со 4 сребрени пар...
Проф. д-р Сефиданис од Охрид: „Го направивме првиот хуманоиден робот кај нас - проектот чини над 100... „Првиот робот хуманоид во Македонија и регионот е целосно произведен во Сефидани...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg