Совети за подготовка на вкусна зимница

Денес во супермаркетите имаме достапна зимница во текот на целата година, но истата никогаш нема да ја замени домашната подготовка на вкусна зимница, без разлика на тоа дали станува збор за ајвар или туршија.

soveti-za-podgotovka-na-dobra-zimnica-01.jpg

Печењето, готвењето и скиселувањето на сезонскиот зеленчук се обичаи кои сè уште се практикуваат на нашите простори пред самиот почеток на зимата, а во нив ужива целото семејство.

Така од доматите, пиперките, краставиците и модриот патлиџан можете да подготвите голем број на вкусни јадења кои траат во текот на целата зима и можете да ги извадите на трпезата во било кое време.

Од оваа листа не може да се изостават и вкусните џемови од сливи, јаболка или јагоди.

Еве неколку корисни совети за подготовка на добра зимницата:

1. Старите препорачуваат – за добра зимница потребно е да ги употребувате најквалитетните зеленчук и овошје.

soveti-za-podgotovka-na-dobra-zimnica-1.jpg

2. Одберете здрави и цврсти плодови. Тоа значи дека, ако некое овошје или парче зеленчук имаат некој скапан дел на себе, морате истиот да го отстраните.

3. За готвење на ајварот, малиџаното или салцата се препорачува употреба на емајлирани и алуминиумски садови.

4. Стаклените тегли и шишиња пред да ги употребите треба добро да ги стерилизирате.

5. Пред самиот почеток подгответе ги стаклените тегли. Истите мораат да бидат чисти и суви. Добро измијте ги со средство за миење за садови.

6. Важна улога играат и капаците. Тие не смеат да пропуштаат воздух.

7. За да ги стерилизирате теглите морате да ги оставите во рерна на топлина. Тоа значи дека стаклените садови треба да ги ставите во рерна на температура од 200 степени околу 5 минути или на температура од 150 степени околу 10 минути.

8. Пред полнење на стаклените тегли, врвовите треба да ги пребришете со алкохол.

9. Никогаш не ги полнете стаклените тегли и шишиња до самиот врв. Оставете барем 2cm празен простор.

soveti-za-podgotovka-na-dobra-zimnica-2.jpg

10. При подготвувањето на зимницата важна е и пастеризацијата. Во теглите ставете ги зеленчукот на тој начин што треба да има што е можно помалку простор меѓу нив. Додадете оцет, масло сол и бибер.

11. Оцетот треба да биде над површината пополнета со зеленчук така да истиот плива во него.

12. Затворете ги теглите и грејте ги на температура од 80 степени 30 минути.

13. Внимавајте стаклените тегли треба да бидат добро затворени.

soveti-za-podgotovka-na-dobra-zimnica-4.jpg

Би можело да ве интересира:

Крцкави однадвор, меки однатре – 6 трикови за совршено печени компири Клучот е да избирате компири со слична големина, за да завршат со готвење во ист...
Кулинарски трикови од професионални готвачи што ќе ве направат експерт во кујна Пред да печете зеленчук, загрејте ја тавата во рерната. Кога, пак, варите ориз, ...
Кулинарски трикови за кои дури и искусните домаќинки ќе бидат благодарни Дали знаете како можете да го столчите црниот бибер ако немате мелница, или како...
Совети со кои ќе ги избегнете грешките кога правите ориз Важно е да го измиете оризот пред готвење и никако немојте да го мешате додека г...
Кулинарски грешки што ги прават и експерти во кујна (ги менуваат вкусот и текстурата) Го варите пилешкото на многу висока температура и го заборавате брашното кога пр...
Храна која е повкусна во Air Fryer (и се прави побрзо) Пченка, замрзната брокула, поздрава варијанта на сланина – некои јадења е подобр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg