Трикови со кои ќе го контролирате гладот
Оние кои се борат со вишокот килограми многу добро знаат како изгледа борбата со чинијата. Истото важи и за оние кои штотуку се одлучиле за диета. Сите сакаме витка линија, но тешко е да се одолее на искушенијата на чинијата.
Еве неколку корисни совети и трикови со кој ќе го „измамите“ гладот и ќе го спречите непотребното внесување на калории:
1. Гума за џвакање
Најдобра замена за калоричните грицки по кои посегнуваме во моментите на досада е гумата за џвакање.
2. Избегнувајте алкохол и грицки
Оваа комбинација совршено се спојува, но ако сакате да останете витки или да намалите на килограмите не смеете овие две работи да ги комбинирате, бидејќи внесувате голем број на калории.
3. Избегнувајте големи чинии
Станува збор за оптичка илузија. Ако јадете од голема чинија, ќе ви се чини дека сте изеле многу помалку одошто, ако јадете од мала чинија.
Исто така, најдобро е да употребувате сини чинии, бидејќи оваа боја го намалува апетитот. Избегнувајте ги црвената, портокаловата и жолтата боја.
4. Музика
Слушањето на музика за време на оброците ве релаксира и позитивно влијае на вас. Забавената мелодија ќе ве натера да јадете позабавено, во помали залаци и многу побргу ќе се почувствувате сити.
5. Организирајте го фрижидерот
Редоследот на храната во фрижидерот е доста важен. Здравата храна треба да биде поставена во првите редови за таа да биде првото нешто што ќе го забележите кога гладни ќе го отворите фрижидерот.
6. Не јадете на работа
Колку и да сте гладни избегнувајте да јадете на работа. Стресот на кој сте изложени за време на напорниот работен ден ќе ве натера да јадете многу повеќе одошто имате потреба. Најдете малку време пред да појдете на работа да појадувате.