Одбројте до 3 и имајте рамен стомак
Барем еднаш во животот сме се чувствувале толку подуено без разлика на тоа што сме правеле тој ден, колку здраво сме се хранеле и колку сме вежбале.
Главен причинител на таа подуеност? Вишок на вода во организмот.
Ова чувство и подуен изглед знаат прилично да влијаат на нашето расположение, посебно ако се спремаме за плажа или посакуваме да облечеме некој тесен фустан.
За среќа постои решение со кое можеме да се ослободиме од подуеноста.
Прв чекор? Намалете на количината на внесено кафе и секако во него не ставајте шеќер.
Следен чекор?
Еве неколку идеи:
1. Детокс вода
Покрај тоа што е освежувачка, таа и ќе ве ослободи од подуеноста. Сè што ви е потребно е во вода да ставите лимон, краставица и листови нане и да ги оставите да стојат преку ноќ.
2. Млака вода
Ако на гладно срце испиете чаша топла вода и половина час ништо не јадете, вашиот метаболизам ќе се разбуди и забрза. Ефектот може да го засилите со ставање на лимон и ѓумбир.
3. Цимет
Добро познато е дека циметот е добар за детоксикација, па ако го користите во кафето или јадењето, вашиот организам со сигурност ќе ви биде благодарен.
4. Детокс чај
Можете да го набавите од аптеките или поголемите супермаркети или сами да го направите. Неговите состојки се: коприва, нане, глуварче и нема глутен.